Skip to main content

Синдикатите бараат излез од економската криза

Претставници на синдикатите од регионов од градежништвото, шумарството и преработка на дрво на работен состанок во Охрид. „Градиме заедничка стратегија за разрешување на сите проблеми, со кои се соочуваат синдикатите денес“, вели претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски.

 |  Татјана Маленкова  | 
sostanok sindikati
состанок синдикати
Grupa 9Највисоките претставници на Синдикатите од градежништвото, индустријата на градежни матријали, шумарство и преработка на дрво, на состанок во Охрид. Претставниците од Србија, Хрватска, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, членки на меѓународната федерација за градежништво, дрвна индустрија и шумарство, како и координаторот за Југоисточна Европа, на едно место ги собра претседателот на Група 9, Живко Митревски, со цел  заедно да утврдат соодветна стратегија за делување, поради економската криза.

„На состанокот се разовараше и за колективното договарање на секторите на ниво на Југосисточна Европа, а градевме и стратегија на делување во мултинационалните компании, како и стратегија за потпишување на рамковни колективни договори на странски компании кои делуваат во овие простори“, истакна м-р. Живко Митревски, в.д. претседател на ССМ.

Една од целите на овој состанок е тоа како да се изнајде стратегија но и надополнување на антикризни мерки, кои ги прават владите, истакна Митревски. Наша идеја е да договориме и состанок заедно со владите од овој регион, на кој ќе утврдите заеднички начин за справување со светската економска криза, додаде претседателот на Групата 9.
Новиот претседател на ССМ проговори и за социјалниот дијалог. Тој вели: Голем број на проблемите досега беа и поради однесувањето на поранешниот претседател на сојузот на синдикати.

„Вие сте сведоци дека со доаѓањето на новото раководство со заедничка платформа излеговме пред владата на Р македонија и веднаш започнавме социјален дијалог со останатите синдикални организации“, доде Митревски.

Инаку учесниците на состанокот изразија голема подршка на солидарноста во време на криза и големите предизвици за сите работници и граѓани на земјите на Југоисточна Европа  и поширокиот регион. Тие истакнаа дека ја прифаќаат потребата за уште поголема соработка помеѓу синдикатите на национално, регионално, европско и меѓународно ниво. Затоа како што беше речено, било договорено вакви средби да има почесто.

{loadposition content9}