Skip to main content

Oграничено влегување, паркирање и запирање на возила во стариот дел на градот

Охридските советници наскоро ќе одлучуваат по најновата предлог одлука за организирање на градскиот сообраќаен режим.

 |  Валентина Неловска  | 
parking
паркинг
soobrakajОхридските советници наскоро ќе одлучуваат по најновата предлог одлука за организирање на градскиот сообраќаен режим. Стручните служби од локалната самоуправа со измените предвиделе низа новини за одвивање на сообраќајот за поголема безбедноста на пешаците. На градските улици ќе се става ред да нема сообраќаен хаос. Така, на повидок е ограничено влегување, паркирање и запирање на возила во стариот дел на градот.Жителите ќе влегуваат до 20 часот со пропусници, а по 20 часот ќе има забрана за запирање и паркирање на возилата. Кај кружниот тек планирано е да има само движење до 20 часот, а од 20 до 5 часот наутро ќе има целосна забрана. Со тоа ќе се проширува пешачката зона на чаршијата и  кејот.
Со новиот сообраќаен режим се планираат низа измени. Една од поважните за жителите од  стар град, е улицата Кирил и Методиј. Тука е предвидено сообраќајот преку ден да се одвива двонасочно, а после 20 часот до 5 наутро да се вози во една насока. Движењето на моторните возила ќе се средува и на една од најтесните градски улици, Гоце Делчев. На возилата нема да им биде дозволено запирање и паркирање во еднонасочната улица, истото ќе важи и за улицата Стив Наумов. Сообраќаен ред ќе се става и во населбата  Воска. Опфатен е еден дел од населбата каде ќе се укинува автобускиот сообраќај, а ќе има комби и такси превоз кој ќе се одвива до улиците Бистрица и Туристичка.
Од локалната самоуправа најавуваат и строго контролирање на користењето на издадените пропусници за влез во стариот дел од градот. Минатите години биле констатирани злоупотреби со пропусниците па оваа година ќе се санкционираат. Полицијата и комуналните редари строго ќе го контролираат начинот на нивната  употреба нагласува Шикалоски.

{loadposition content9}