Skip to main content

Стопирани активностите околу изградбата на пешечка петека од Грашница до Канео

Градежните работи за изградбата на пешачка патека  во Грашница стопирани. Од Завод и музеј не се сложуваат со плановите на локалната, па поради тоа ги запреа градежните активности. Градоначалникот Александар Петрески вели дека работите ќе продолжат по секоја цена.

 |  Татјана Маленкова  | 
Grashnica
грашница
GrashnicaОд Завод и музеј не се сложуваат со плановите на локалната самоуправа, за изградба на пешачка патека од Грашница до Канео. Тие деновиве ги стопираа градежните активности, со обарзложение дека се нарушува автентичноста на просторот.
Градоначалникот Александар Петрески оваа одлука на одговорните ја толкува како политичка.

„ Не држи мислењето на Завод и музеј дека поради патека која се гради од песок и камен ќе има забелешки Унеско. Унеско може да има забелешки за преку 300 – 400 дрва исечени на Плаошник и за тоа што се правеше во Градиште на неколку метри од езеро“, истакна градоначалникотАлександар Петрески.

Петрески додава дека патеката која започнаа да ја прават таму е во интерес на сите граѓаните и служи за поврзување на Грашница преку Канео со пристаништето. Оваа патека е придобивка на сите, но сметам дека спорно е што неа ја прави друг, а на владата, вели градоначалникот. Тој додава дека во моментов се изнаоѓа модул, работите таму да продолжат.
Петрески призна дека годинава плажата во месноста Грашница нема да се издава под концесија. Пред овој потег некој приватник да почне да го средува треба да се отстрани загадувачот на езерото, реката Грашница, додава Градоначалникот.
Инаку тендерот кој го распиша локалната самоуправа за „Уредување на речното корито на реката „Грашница“е во тек, а заинтересираните понудите треба да ги достават најдоцна до 31 мај годинава. Најдобриот понудувач ќе треба од мостот према туристичка да соѕида канал од каде ќе треба да тече чиста вода во езерото, вели градоначалникот.

„ Цевките ќе останат за секој случај за еднаш на 100 години, ако се случат поплави. Нас ни е целта Грашница да ја пренасочиме во Даљан“, истакна градоначалникот.

Петрески  додаде дека градежните активности по овој тендер треба да започнат неделава.Инаку за зафатот кој ќе опфати пренасочување на Грашница преку Туристичка до Даљан, локалната тендер ќе се распише за скоро време.
{loadposition content9}