Skip to main content

Изложено совршенсвото на македонски вез и колорит

Во Куќата на Робевци, синоќа се отворија две привремени изложби на ќилими и делови од народни носии од Брсјачкиот крај.

 |  Валентина Неловска  | 
nosii
носии

izlozbaВо Куќата на Робевци, синоќа се отворија две привремени изложби на ќилими и делови од народни носии од Брсјачкиот крај. На изложбата се презентирани најубавите автохтони кошули и покривала за глава од Дебрца, Охридско и Струшко поле, Малесија и  Дримкол. Етнолошката поставка на народните носии датира  од периодот  на 19 и почетокот на 20 век. Везот на кошулите и сокаите, покривала за глава, е колоритен со свилени и волнени конци, со геометриски и орнаментални форми кои наликуваат на крстови, лозички, ветки и ѓулој. Ќилимите, ткаени и везени во периодот од 19 и 20 век, исто така ги пленија посетителите со својата оргиналност и орнаментика.
nosii

Кошулите и покривалата за глава се од поодамна набавени од  Завод и музеј, додека презентираните ќилими се откупени од страна на музејот во 2009 година. Со откупот се покажа дека интересот на луѓето е голем да се  отуѓат од културното наследство вели авторот на изложбата Марија Каневче. Наместо да завршат изедени од молци, во сандак или орман, најдобро се заштитени тука во нашиот  Музеј, нагласува Каневче. За нивната заштита се грижи тим од стручни лица меѓу кои и конзерватор.
Посетителите со овие две поставки ќе имаат можност да се восхитуваат на совршенството на македонскиот вез и колорит. Етнолошката поставка со ќилими, кошули и покривала за глава заинтерсираните ќе може да ја погледнат до средината  на месец јуни.

{loadposition content9}