Skip to main content

Трпчески или Вилазон

Секоја година за отвoрање на Фестивалот „Охридско лето“ аплицираат врвни светски уметнички  имиња. Оваа година, за јубилејното 50-то издание во потесниот круг влегоа 5 проекти, од кои главната битка се води меѓу двајца врвни уметници.

 |   | 
Simon Trpceski
Симон Трпчески

Секоја година за отвoрање на Фестивалот „Охридско лето“ аплицираат врвни светски уметнички  имиња. Оваа година, за јубилејното 50-то издание во потесниот круг влегоа 5 проекти, од кои 3 влегоа во потесниот круг. Како што ТВМ дознава, двајца врвни уметници ја водат завршната битка. Дали на 12-ти јули ќе го гледаме нашиот светски познат и признат Симон Трпчески во придружба на  филхармонија од светска класа или Роландо Вилазон, еден од водечките тенори на светската музичка сцена, придружуван од домашен оркестар. Иако во јавноста проструи дека Трпчески ќе ја има честа да го отвори 50-тото Охридско лето, од Дирекцијата на фестивалот велат дека тоа ќе се знае во наредните неколку  дена, кога треба да има седница на Управниот одбор. До крајот на месецот треба да биде комплетирана и годинешната програма на фестивалот, по што и официјално ќе и биде презентирана на јавноста.

Trpceski I vilazon

{loadposition content9}