Skip to main content

Адвокатите од Охрид се збратимија со адвокатите од Марибор

Прилагодување на законодавството со она на Европската Унија. Ова е главниот мотив поради кој денес претставниците на адвокатското здружение од Охрид се збратимија со истото од Марибор.

 |  Билјана Николовска  | 
advokati, akt sorabotka
адвокати, акт за соработка
advokati, akt sorabotkaАдвокатските здруженија на Марибор и Охрид денес потпишаа акт на збратимување. Гостите од Словенија срдечно беа дочекани од домаќините со прием во претседателската соба на првиот човек на Охридскиот Суд, Владо Дејаноски. Претседателот на охридското адвокатско здружение Љупчо Наумоски ја потенцира потребата од ваквиот чекор.
„Има што да се научи од нас“ рече словенскиот претседател на адвокатското здружение од Марибор Матијаш Кирбиш. Тој верува дека Македонија за брзо време ќе го прилагоди законодавството за влез во Европа црпејќи веќе применети искуства.
Иницијативата е на Петар Матјаноски кој долги години соработува со нив и како што и самиот кажа има стекнато позитивни искуства.
Домаќинот на настанот претседателот на Основниот суд во Охрид Владо Дејаноски, рече дека напредувањето на адвокатите и нивната соработка значи подобрување на соработката и помеѓу судиите и  помеѓу државите
Претставниците на адвокатските здруженија на двата збратимени града Охрид и Марибор во зградата на Основниот Суд Охрид продолжија во охридските ресторани на неформален разговор. Ова збратимување обострано е отценето како позитивен чекор.

{loadposition content9}