Skip to main content

Турците ќе ни помагаат во туризмот

altaltTuristicki rabotnici od TurcijaВисока делегација на асоцијацијата на турстички работници од Турција, ТУРСАБ, во посета на Македонија.

 |  Крсте Голабовски  | 
Turisticki rabotnici od TurcijaВисока делегација на асоцијацијата на турстички работници од Турција, ТУРСАБ, во посета на Македонија.

Цел на посетата е запознавање со туристичките потенцијали на Македонија како пружање стручна помош во понатамошната промоција и развој на македонскиот туризам.

Туристичкитие работници од Турција ќе ни помагаат во развојот на туризмот. Висока делегација на Националната туристичка организација од Турција – ТУРСАБ, деновиве во посета на земјава. На покана на Агенцијата за промоција и развој на туризмот, турските туристички работници и експерти ќе се запознаат со туристичките потенцијали и капацитети на земјава. Истите ќе се обидат да ни помогнат во натамошните чекори за промоција и развој на македонскиот туризам.

Покрај претставници на ТУРСАБ во посета на земјава се претставници на Министерството за туризам и култура на Турција како и  претставници на националната авио компанија, Туркиш Ерлајнс и хотелските асоцијации. Генералниот директор при Министерството за култура и туризам, Ѓумур Гувен Хамбаши информира дека идеја е да се изработи мастр план поради големата заинтересираност за посета на земјава од страна на турските туристи. Македонија да биде во друштвото на неколкуте останати земји од регионов кои ќе се продаваат како пакет на турситичкиот пазар.

Од турската делегација истакнаа дека Македонија располага со сериозен туристички потенцијал и поради своите природни и културно-историски богатства може да биде интересна. Но, нејзиниот подем во туризмот треба да се случи постепено.

Како еден од условите кои мора да биде исполнет е започнување на чартер летови до атрактивните туристички дестинации во земјава. Претставникот на најголемиот авио превозник од Турција, „Туркиш Ерлајнс“ информира дека останува летот до Скопје, додека чартер летовите до охрид би ги презеле помалите авио превозници од Турција.

Инаку на Турција и беа потребни 30 години да стане една од најразвиените туристички земји во светот. Таа моментално е седмата туристички најразвиена земја во светот, додека според остварените годишни приходи од туризмот, се наоѓа на деветото место.

{loadposition content9}