Skip to main content

Презентација на лековитите својства на прополисот

Претставени лековитите својства на прополисот и неговата примена во различни фармаколошки облици.

 |  Крсте Голабовски  | 
pcela
пчела
propolis ApimelЗдружението на лекари од Охрид организира состанок на кој беа презентирани фармако-динамиските својства на прополисот и неговите препарати и деривати.

Производите на Апимел и нивната примена преставени пред докторите од Албанија. Над 30 доктори од Албанија од различни сфери од медицината присуствуваа на стручниот состанок на кој се одржаа предавања за примената на прополисот во различни фармаколошки облици, како и за неговите својства и примена во готови препарати.

Состанокот беше организиран од страна на Здружението на лекари од Охрид, во рамките на неговата определба за соработка со лекарите од Р. Албанија. Инаку станува збор за еден вид заложба за меѓурегионална стручна соработка од областа на медицината. Покрај преставниците од Албанија на презентацијата присуствуваа и реномираните лекарски имиња од градов кои имаат искуства со овој природен лек.

Инаку Доктор Бачевски и неговата екипа, фасцинирани од терапветските ефекти на прополисот минале неколку години во истражување, развој и рафинирање на формули за борба против најразлични болести и кожни заболувања. Како апиетрапевт, Д-р Бачевски има 25 годишно искуство во лекување пациенти со автоимуни заболувања, со користење на пчелин отров.

{loadposition content9}