Skip to main content

Цветен Охрид -цветни балкони

Охрид ќе прерасне во град на цвеќето. Последните акции на Локалната самоуправа и секторот за урбанизам, вклучувајќи го тука и ЈП „Охридски Комуналец“, засилено работат на разубавување на градот.

 |  Билјана Николовска  | 
zardineri
жардињери

zardineriОхрид ќе прерасне во град на цвеќето. Последните акции на Локалната самоуправа и секторот за урбанизам, вклучувајќи го тука и ЈП „Охридски Комуналец“, засилено работат на разубавување на градот. И не само на градот. 500 жардињери со по три цвеќа од видот „лепи Јово“  ќе ги разубават и дворовите на куќите на варошани и на жителите од центарот на градот. Хавза Реџеп Какел од Секторот за урбанизам и заштита на животна средина рече дека ваквите акции се со цел да се подигне свеста на граѓаните на Охрид за зачувување на животната средина.
Со акцијата е опфатено централното градско подрачје односно улиците: Кеј Маршал Тито, Македонски Просветители, Гоце Делчев, Даме Груев и бул.Туристичка. Оваа акција е добредојдена за охриѓани. Некои од нив се потсетија на старите добри времиња кога Охрид од сите страни бил опколен со цвеќе и за негово зачувување се грижеле чуварски служби
zardineri


Првиот човек на ЈП „Охридски Комуналец“ Сашо Алче рече дека целта за разубавување на градот со цвеќа не застанува тука.
Од Локалната велат дека оваа акција добро е да стане традиција, бидејќи и тие се задоволни од интересот на граѓаните. По повод 5 јуни светскиот ден на животната средина, Локалната самоуправа на Охрид првата недела од месецов ја прогласи за недела на животната средина превземајќи повеќе активности низ образовните институции во градов.

{loadposition content9}