Skip to main content

Проблемите во туризмот лоцирани, се бараат решенија

Екологисти, професори, станоиздавачи, концесионери на плажи, хотелиери денеска разговараа за проблемите кои го попречуваат развојот на туризмот.

 |  Татјана Маленкова  | 
Ohrid
Охрид

TribinaПроблемите кои го попречуваат развојот на туризмот, тама на денешната трибина, на која присуствуваа сите фактори кои директно и индиректно се дел од туристичката понуда на Охрид. Присутните на денешната средба отвирено продискутираа за проблемите со кои се соочуваат граѓаните, локлата самоуправа, но и за загадувањето на водата и почвата.

„ Се надеваме дека ова е почеток на вакви трибини и средби“, истакна Ѓоко Зороски од ЕД Грашница.

Денешната трибина претставува сплет на научна едукативна и општествена иницијатива за подобрување на условите за развој на туризмот во контекс на екологијата, смета професорот Наум Мариноски од ФТУ.

Ohrid Perls

„ Меѓу најважните еколошки проблеми е сатурацијата, присуството на зголемен број на туристи или масовнота на туризмот и животната средина. Сметам дека некои работи кои беа предвидени во изминатиот период има еколошка констатација не се најдобро искористени и имплементирани“, истакна проф. д-р. Науме Мариноски од ФТУ.  

Професорот Мариноски додава дека мора да се залагаме да се разбие масовноста на туристи и дека неопходно е да се изнајдат алтернативи за дислокација на туристи во определен интервал.
Професорката на ФТУ, Катерина Најдеска Ангелеска ја поддржа идејата на локалната  за организирање на Ѓомлезијада и посочи дека и во иднина во нашата туристичка понуда треба да доминираат вакви прмотивни настани.

Gjomlezijada

„Иницијативата за ѓомлезијада е одлична, тоа е она што е специфично за нас или пак длабока резба или изработка на специфични сувенири. Многу се важни групите кои доаѓаат да бидат помали за да можеме поединечно да им обратиме внимание“ истакна доцент д-р Катерина Ангелевска Најдеска – ФТУ.

Денешната трибина е една од неколкуте кои ги организира ЕД Грашница а се финансирани од Локалната самоуправа.
{loadposition content9}