Skip to main content

ГЛОУБ 2010 во Охрид

Р. Македонија преку Охрид ,домаќин на годишната конференција ГЛОБЕ 2010. Програмата ГЛОБЕ претставува меѓународен проект за едукација на животната средина како и за нејзината заштита. Во неа се вклучени 23 000 училишта од над 111 земји од светот.

 |  Билјана Николовска  | 
Globe
ГЛОБЕ


GlobeПрограмата ГЛОБЕ ја комбинира науката, образованието и технологијата на меѓународно ниво. Учениците преку оваа програма го развиваат чуството кон науката, математиката и напредната технологија и непосредно ги гледаат резултатите од своите проучувања кои се во полза на сите нас, на нашата животна средина и нашата иднина. Министерот за ЖСПП, Неџати Јакупи како домаќин на конференцијата рече дека оваа програма е прифатена и во нашиот образовен систем од прво до деветто одделение и истата бележи голем подем и бројни успеси. Тој додаде дека овој собир со претставници од над 23 земја од Европа и Евроазија е важна мисија на нашата земја поради две клучни работи.
Министерот за образование, Никола Тодоров рече дека сите теми од областа на ЖС кои се обработуваат во образовниот систем од 1 до 9 то одделение се со адаптирани програми согласно возрасната граница. Тој потенцира дека во сите училишни програми се запазува главната цел, а тоа е правилен однос кон животната средина.
Konferencija Globe


На отварањето на конференцијата ГЛОУБ 2010 беше и амбасадорот Филип Рикер. Тој потенцира дека оваа програма започнала како американска иницијатива и 15 години служи како златен стандард. Мисла водилка на оваа програма е мисли глобално, постапувај локално.
Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески рече дека овој еминентен собир е настан од посебно значење за градот.
Досегашните напори на нашата земја што се направени на полето за заштита на животната средина, американскиот амбасадор Филип Рикер ги отцени како многу важни. Тој меѓудругото потенцира дека само преку соработката на светско ниво можат да се стават под контрола климатските промени.

{loadposition content9}