Skip to main content

Успешен пазар

На Охрид му се случи урбан масакр. Вака денес обвини првиот човек на ВМРО – ДПМНЕ Атанаско Михаилов.

 |  Билјана Николовска  | 
VMRO DPMNE
ВМРО ДПМНЕ прес
VMRO DPMNEНа Охрид му се случи урбан масакр. Вака денес обвини првиот човек на ВМРО – ДПМНЕ Атанаско Михаилов. Тој вели дека пред се реагира заради притисок од јавноста, која според него е вџашена од изгласувањето на 42-те урбанистички решенија, кои неодамна поминаа на тајната седница на Советот на општина Охрид. Михаилов вели дека „Тука работите се јасни како ден. Се работи за класичен пазар на интереси на поединци“.
Михаилов вели дека сега е момент да се размислува за успешен туризам. Но, наместо тоа, до израз доѓаат празните ветувања на градоначалникот и неговите соработници, обвинува Михаилов.
Михаилов ги повика сите кои го поддржуваат сторителот на урбаниот масакр Петрески, да се преиспитаат и да дадат одговор на јавноста, зошто по секоја цена, секое парче зелена површина се претвора во приватен станбен комплекс.  
Михаилов рече дека како претседател на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, секогаш ќе биде на страна на заштита на иднината и на вредностите на Охрид и ќе бара да се запре урбанистичкото дивеење и начинот на кој што се уништува Охрид.

{loadposition content9}