Skip to main content

„Средновековен Охрид“ свечено отворен

Свечено отворен првиот историски фестивал во Охрид, „Средновековен Охрид“.

 |  Валентина Нелоска  | 
Свечено отворен првиот историски фестивал во Охрид, „Средновековен Охрид“.

На првиот историски фестивал „ Средновековен Охрид, обраќање имаше Градоначалникот Александар Петрески кој пред присутните рече дека иако Локалната самоуправа нема ингеренции во сферата на културата, само годинава подржала над 100 манифестации, затоа што Охрид го заслужува тоа, за да има успешна и  продолжена туристичката сезона.

Благодарност до ентузијастите кои за кратко време успеаа да ја реализраат идејата упати  и Лилјана Попоска од ДОМ, поборник за поголем развој на туризмот.

На просторот каде што е лоциран средновековниот базар покрај  домашните занаетчии, зедоа учество и  гости од Дубровник и Словенија. Дубровчаните изведоа ренесансни танци, а 10 – мината членови од словенечкото, стреличарско друштво „Орфеј“ ја презентираа оваа средновековна вештина.

Вечерва се организира прошетка низ улиците на стариот дел од градот со запалени факели, а предвидено е да  настапи и Сашо Гигов Гиш.