Skip to main content

Уште 30 дена притвор за осомничените за убиството на Новаковиќ

Притворот на седумтемина осомничени за  убиството на српскиот турист Дејан Новаковиќ, што се случи точно пред еден месец во центарот на Охрид, им  е продолжен за уште 30 дена. Имено, истражниот судија  испратил допис до Основниот суд во Охрид дека истражната постапка се уште не е завршена и дека е потребно дополнително време таа да се комплетира.

 |   | 
pritvor
Притвор

cuba libreПритворот на седумтемина осомничени за  убиството на српскиот турист Дејан Новаковиќ, што се случи точно пред еден месец во центарот на Охрид, им  е продолжен за уште 30 дена. Имено, истражниот судија  испратил допис до Основниот суд во Охрид дека истражната постапка се уште не е завршена и дека е потребно дополнително време таа да се комплетира.

Во текот на минатиот месец биле сослушани поголем број сведоци и биле прегледувани материјалите од безбедносните камери на објектите во чија близина се случи немилиот настан. Во прериодот кој престои ќе бидат изведени нови докази, а најавени се и нови сведоци.

Одбраната на осомничените неодамна реагираше дека истражната постапка се одолговлекува што ќе доведе до продолжување на мерката притвор на обвинетите без да бидат изведени доказите на бранителите.

-Ова е уште еден доказ како мерката притвор во Македонија се преиначува во казна. Сметаме дека 30 дена се доволен период истрагата да утврди кој од осомничените се виновни и треба да останат во притвор, а другите лица треба да се ослободат, изјави  Воислав Димоски, адвокат на еден од притворените охриѓани.

За убиството на белграѓанецот Дејан Новаковиќ се осомничени 8 лица. Седуммина се охриѓани, а едно лице е српски државјанин кое по немилиот настан илегално ја напушти земјава и по него е распишана меѓународна потерница. 

{loadposition content9}