Skip to main content

Драстично опаѓа бројот на абортусите во Охрид

Во последните пет години драстично опаѓа бројот на извршените абортуси, ова го покажуваат статистичките податоци за општина Охрид. Д-р. Слободанка Коцевска, од Центарот за Јавно здравство информира  дека во 2005 година биле извршени 119 абортуси, а оваа бројка во 2009 година се намалила на 39 насилни прекини на бременост. Сепак, најзагрозена категорија останува женската популација од 20 до 35 години каде што не е регистрирано опаѓање на бројот на извршени абортуси.

 |  Валентина Неловска  | 
abortusi
абортуси
abortusiВо последните пет години драстично опаѓа бројот на извршените абортуси, ова го покажуваат статистичките податоци за општина Охрид. Д-р. Слободанка Коцевска, од Центарот за Јавно здравство информира  дека во 2005 година биле извршени 119 абортуси, а оваа бројка во 2009 година се намалила на 39 насилни прекини на бременост. Сепак, најзагрозена категорија останува женската популација од 20 до 35 години каде што не е регистрирано опаѓање на бројот на извршени абортуси, нагласува д-р Коцевска. „Во 2009 година прекините на бременост кај жените до 20 години се во драстично опаѓање од 4,2 на 2,1 посто. Видливо е опаѓањето и за возраста над 35 години. Во 2005 процентот се движел  34 посто за во 2009 овој процент кај оваа возрасна група да падне на 10,2 посто“.
Драстичното опаѓање на абортусите се должи на засиленото здравствено воспитување кое е резултат на интензивна кампања за подигање на степенот на сексуална заштита смета д-р Јованка Стурлакова Коровешоска, од Ценатарот за јавно здравтсво. Едукацијата ја обавуваат стручните лица низ центрите во земјава. Покрај советувалиштата, едукација се спроведува и во училиштата и на факултетите, а се однесува и на сексуалното и на репродуктивното здравје. Во советувањата учествуваат стручни консултанти и гинеколози. За поголемиот број млади луѓе нема табу теми кога станува збор заштита од  несакана бременост, прашуваат отворено за се што ги интересира објаснува д-р Коровешоска. Покрај овој начин на едуцирање младите парови кои се во врска се повеќе се обраќаат и до матичните гинеколози. Бараат  совет како да се заштитат од несакана бременост и кои современи контрацептивни средтсва да ги користат нагласува д-р Иво Захариевски. За подигање на свеста за заштита од несакана бременост се одбележува и  светскиот ден за контрацепција.  Д-р Захариевски истакнува дека 26 септември светскиот ден за контрацепција има визија секоја бременост да е сакана и дека не постојат несакани  бремености. Се потикнуваат младите луѓе да користат контрацептивни средства со цел да се избегнат сите последици од несакана бременост и инфекции.    
Статистичките податоци покажуваат дека слично опаѓање на абортусите има и во соседните општини Струга и Дебар, кои се се под надлежност на  Центарот за јавно здравство Охрид.

{loadposition content9}