Skip to main content

Локалната не се откажува од изградба на јавни тоалети

Во Охрид недостасуваат јавни тоалети. Туристичките работници се жалат дека трпат поради овој хендикеп. Приморани да се снаоѓаат, но туристите се чудат како може туристичко место, да има ваков пропуст.

 |  Татјана Маленкова  | 
Lokacija
Локација
TuristiВо Охрид недостасуваат јавни тоалети. Туристичките работници се жалат дека трпат поради овој хендикеп. Приморани да се снаоѓаат, но туристите се чудат како може туристичко место, да има ваков пропуст.

„ Кога правиме разгледување на градот тој проблем го решеваме со тоа што туристите ги носиме во приватни објекти. Мора под итно да се направи нешто за изградба на јавни тоалети“, вели оперативец од патничката агенција „lets travels Balkans“, Филип Стефаноски.

Во стариот дел на Охрид треба да се изградат неколку јавни тоалети.  Според градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, локациите се одамна определени, се чека одобрение од Заводот за заштита на спомениците на културата, затоа што за се што се гради во стариот дел на Охрид, амин мора да даде Заводот, преку Министерството за култура.  

„ Јавен тоалет се планира измеѓу висинската разлика на Самоилова и Кузман Капидан во близина на музеите. За тоа чекаме согласност од Министерството за култура и од Заводот. Друг е планиран во близина на Античкиот театар т.е. во куќите кои веќе се платени од општина Охрид и од Министерството за култура на сопствениците и веќе се во сопственот на Министерството за култура“, вели градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.

Покрај на овие локации, јавни тоалети се планира да се градат и во Самоиловата тврдина, на Плаошник, кај Охридско лето, Долни сарај. Петрески додава дека локалната бара државата да им ги додели зацртаните локации за на истите што поскоро да бидат изградени тоалетите, затоа што како што вели градоначалникот доста се чекаше државата да инвестира во изградба на тоалетите.     

{loadposition content9}