Skip to main content

Денеска започна вакцинацијата против сезонски грип

Во Медицинскиот центар во Охрид денеска почнува вакцинацијата на населението против сезонски грип. Според податоците од Заводот за здравствена заштита од Охрид, засега се обезбедени 2.500 вакцини.

 |   | 
vakcinacija
вакцинација

vakcinacijaВо Медицинскиот центар во Охрид денеска почнува вакцинацијата на населението против сезонски грип. Според податоците од Заводот за здравствена заштита од Охрид, засега се обезбедени 2.500 вакцини.

Медицинските лица препорачуваат вакцинација за периодот на сезонски настинки и грипови,  за заштита на популацијата од појави на епидемии од пошироки размери.

Во рамките на акцијата минатата година се вакцинирале повеќе од 2.000 охриѓани, информира Центарот за јавно здравје од Охрид.

Директорот на Центарот, Атанаско Михаилов, истакна дека изминатите три години во Охрид не се регистрирани епидемии, што е значајно за туристичко место каде има зголемена фреквенција на луѓе и каде можноста за ширење на болеста се значително поголеми.

Вакцинацијата се препорачува за старите лица, хронично болните, срцевите болесници, астматичарите, малите деца, но и луѓето кои се во постојан контакт со заболени или поголеми групи луѓе. Цената на вакцината изнесува 400 денари.

Симптомите на сезонскиот грип се покачена температура, сува кашлица, главоболка, суво грло, замор и недостаток на енергија, кивање, болки во мускулатурата. Заболувањето е заразно и се пренесува од човек на човек преку кивање, ракување, дишење, размена на течности.

{loadposition content9}