Skip to main content

Пази струја!!!

Необезбедени Енергетски трансформатори за дистрибуција на електрична енергија, како и електрични кабли демнат низ Охрид.

 |  Крсте Голабовски  | 
transformator
трансформатор
transformatorНегрижата за одржување и обезбедување на овие електрични уреди е очигледна. Последниот трагичен настан во Струга кој беше резултат на неправилно ракување со електричната енергија, како да не беше доволно предупредување за посериозен пристап кон решавањето на овој проблем.

Необезбедени  Енергетски трансформатори за дистрибуција на електрична енергија во населбата „Гоце Делчев“. Некои од овие трафостаници, веќе неколку месеци се со отворени врати и разводни табли изложени на атмосферските влијанија како и човечки контакт, додека други пак, едвај им одолеваат на надворешните влијанија. Одогворни за нивното тековно одржување и обезбедување се службите на ЕВН Македонија.

transformatorМенаџерот за односи со јавност на ЕВН, Атанас Ковачевски, информира дека одржувањето на поголемиот број на овие уреди е одоговорност на ЕВН, додека мал број е во приватна сопственст. Ковачевски додаде дека од компанијата веднаш реагираат на дојавата на граѓаните во врска со било кој проблем, но состојбата на терен е малку поинаква.

Друг проблем претставува и необезбедената електрична инсталација на некои од охридските плажи. Крајно неодгворен е и односот на некои од сопствениците на плажите кои не нашле за сходно да ги обезбедат електричните кабли кои стојат незаштитени. Зарем трагичниот настан пред околу еден месец не беше доволно предупредување за и институциите, а и ние граѓаните да имаме посериозен пристап кон решавањето на овој проблем.

{loadposition content9}