Skip to main content

Жителите од ул. „Дејан Војвода“ под стрес од пајакот

До нашата редакција во неколку наврати пристигна  реакција по електронска пошта  од наш сограѓанин, а  во име на жителите од улицата Дејан Војвода.

 |  Валентина Неловска  | 
ul Dejan Vojvoda
ул. Дејан Војвода
ul Dejan VojvodaДо нашата редакција во неколку наврати пристигна  реакција по електронска пошта  од наш сограѓанин, а  во име на жителите од улицата Дејан Војвода. Станува збор за една од најфрекфентните улици во строгиот центар на градот. Во дописот тие молат за помош поради  секојдневниот стрес што го доживуваат при подигање на возилата од пред нивните дворови.
„ Жители од оваа улица се жалат дека возилата од пајак службата секојдневно ги вознемируваат.По нарачка од нивни моќни соседи им се подигаат возилата од пред нивните домови“.
Понатака во дописот се наведува дека се креваат точно нарачани автомобили без разлика дали други возила во близина се правилно или погрешно паркирани. Се случува пајак службата да „чисти“ и во недела, во 9 часот навечер, стои во дописот.
Од полицијата  негираат дека се работи за селективност во работата на пајак службата при подигање на погрешно паркирани возила на оваа улица. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски за ТВМ изјави дека на почетокот од годинава,  во текот на месец јануари се спровела превентивна акција со која им се укажувало на граѓаните дека прават прекршок со оставање на возилата на тротоар пред нивните домови. Димоски нагласува дека има најголемо оставање на возила на коловозот на пресекот на улиците Македонски Просветители со улицата Абас Емин, и Дејан Војвода со пресекот на Македонски Просветители. Димоски во прилог на тврдењето дека нема селективност во подигање на возилата нагласува дека се подигаат  дури и возилата на вработените во СВР Охрид.    



{loadposition content9}