Skip to main content

Стоп за бланко догoворите за работа во туризмот

Унијата на независни автономни синдикати против бланко договорите за вработување во туризмот.

 |  Крсте Голабовски  | 
kelner
келнер
UNSMОд Унијата на независни синдикати ќе се обидат да им помогнат на работниците од туризмот, во заштитата на своите со закон загарантирани права. Потпретседателот на Унијата и координатор на канцеларијата во Охрид, Благоја Иваноски, вели дека ова е еден од двата проекти, чија реализација треба да започне наскоро. Првиот проект се однесува на вработените во туристичките и угостителски објекти, во кои како што Иваноски вели јавна тајна е дека се потпишуваат недефинирани, бланко договори за работа. Иваноски вели дека проектот ќе биде насочен во правец на поттикнување и едукација на вработените, преку промотивни материјали, анкети и друго, со што вработените ќе се охрабруваат да потпишуваат дефинирани договори за работа. Вториот проект чија реализација е потпомогната од христијанските синдикати од Холандија, а со помош и посредство на Холандската амбасада во Македонија, е проектот за доедукација на кадрите со еден странски јазик, т.е Англиски, како и Култура на однесување. И двата предмети потенцира Ивановски, ќе бидат предавани од стручни кадри, во просториите на црквата Св. Ѓорѓија. Останатите материјални трошоци за реализацијата на овој проект се покриени од страна на УНАМС. Доста важен момент е соработката и потпишувањето на договорот помеѓу УНАМС и приватната агенција за вработување „Партнер“ од Скопје, со кој догвор вработувањата во туризмот ќе се вршат по предлог на УНАМС. Канцеларијата на УНАМС од Охрид, соработува со другите канцеларии од другите градови, кои според поднебјето реализираат соодветни проекти. Така на пример канцеларијата на УНСМ во Прилеп работи на проект поврзан со текстилот, во Струга со градежништвото, итн. Иваноски потенцира дека новина е што и камионџиите од регионов, преку канцеларијата на УНСМ во Охрид, ќе може да ги остварат полесно своите права и бенефиции.

{loadposition content9}