Skip to main content

Дадете малку за оние кои немаат воопшто

Најекстремната форма на сиромаштија ја има и кај нас. Повеќе од 800 семејства во Охрид гладуваат.
Под мотото „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС”  од 16-21 октомври, Црвен крст од Охрид  спроведува кампања за помош на најзагрозените, кои секојдневно се борат за да се прехранат.

 |  Крсте Голабовски  | 
den na glad
ден на гладта
Crven krst OhridЕдна милијарда и дваесет милиони. Толку многу луѓе во светот страдаат од хронична неухранетост. Во Охрид гладуваат повеќе од 800 семејства. Црвениот крст од Охрид  спроведува кампања за помош на оние кои се најпогодени од оваа екстремна форма на сирмаштија. Кампањата е поделена на неколку активности со кои отаму, се надеваат дека барем малку ќе им помогнат на оние на кои помошта им е најпотребна. Охриѓани, се борат со немаштијата. Некои повеќе, некои помалку свесни за големиот број на нивни сожители кои за жал, гладуваат.

Предвидени се голем број активности кои ќе бидат насочени кон прибирање на финансиски средства преку продажба на вредносни бонови од 20 денари како и писма кои со помош на Македонски пошти се дистрибуирани до сите поголеми фирми во градов. Собраните средства ќе бидат наменети за приготвување на семејни пакети за помош на сиромашните и гладни наши сограѓани. Исто така треба да се спомне и соработката со некои од рестораните, од кои дел ќе се вклучат во активноста за прибирање средства.
Црвениот крст апелира до граѓаните, фирмите, институциите да се вклучат во кампањата за Неделата на борба против гладта. Во насока на подигање на свеста кај граѓаните за донирање на средства,  ќе биде емитуван краток филм на видеобимот на градскиот плоштад. Неодамнешното зголемување на цената на храната, и евентуалните идни ќе бидат голема препрека во настојувањето дополнително да се намали гладот во светот. Дури 98 отсто од луѓето кои патат од глад или имаа недоволна исхрана живеат во земјите во развој, тоа 16 отсто од населението. Уделот на гладни во светот во вкупното население се уште е најголем во подсахарска Африка – 30 отсто. Милениумската развојна цел 1, по која бројот на гладни во земјите во развој до 2015 година не смее да надмине 10 отсто, предупредува Организацијата за храна и земјоделство.

{loadposition content9}