Skip to main content

Депонијата Мауцкер повторно отворена

Од понеделник ќе започне да работи со полн капацитет депонијата Мауцкер најавува директорот на ЈП Комуналец, Сашо Алчев.

 |  Валентина Неловска  | 
deponija Maucker
депонија Мауцкер
deponija MauckerОд понеделник ќе започне да работи со полн капацитет депонијата Мауцкер најавува директорот на ЈП Комуналец, Сашо Алчев. По краткотрајното затварање на депонијата на која подолго време се одлага цврст отпад таа повтроно ќе биде отворена.  Заврши тендерот кој го распиша локалната самоуправа за избор на најдобриот понудувач за нејзино одржување информира Алчев.                 
„Во изминативе денови депонијата беше затворена од две причини. Едната беше од безбедносна природа заради гаѓањето на стрелиштето кое е во близина, а другата заради тендерот со кој се  избораше најповолниот одржувач на депонијата“.  
deponija MauckerДепонијата Мауцкер дневно прима 40 камиони со градежен шут. Есента и пролета се поинтензивни периоди кога таа се користи.  Охрид е единствениот град во земјава кој го има решено проблемот со одлагање на градежниот отпад нагласува Алчев. Иако во градот се гради со голем интезитет, според него засега нема потреба од нова локација на која би се депонирал ваков отпад. Оваа локација е доволна за следните 10 години.
Светската пракса да се рециклира цврстиот отпад засега е неприфатлива за нашите услови потенцира Алчев. Додава дека вакавата опција  била разгледувана, но во моментов не е применлива.
Според Алчев инвестициски зафат како што рециклирањето на отпадот би бил единствено исплатлив само доклку се размислува за регионално здружување. Најпогоден би бил микро регион во чии рамки би влегувале Охрид, Струга и Дебрца. Секоја инвестиција би требало да биде исплатлива, а суровината од рециклираниот цврст отпад не смее да биде поскап од природните ресурси додава Алчев.

{loadposition content9}