Skip to main content

Црквата Св.Богородица Перивлепта лежи врз темели на постар објект

Пронајдени се темели на постар објект кој допрва треба да се истражува.

 |  Валентина Неловска  | 
iskopuvanje
ископување
iskopuvanjeДополнително ќе се докажува дали  црквата Св. Богородица Перивлепта лежи врз остатоци на постари сакрални објекти. Пронајдени се темели на постар објект кој допрва треба да се истражува. Копајќи околу темелите на црквата со што требало да се утврди дали влагата  која  лошо влијае на фрескоживопиост доаѓа од темелите археолозите наишле на овие темели информира Паско Кузман директор на Управата за заштита на културното наследство.
„ Утврдивме дека има постари ѕидови од постари градби. Источно од црквата се појавиле основи од ѕидови кои се пртепоставува дека се од периодот од 3-5 век пред н.е. На северниот дел, пак  се очекува археолошки остатоци кои сеуште не се утврдени , а може да припаѓаат на ранохристијански објект од 5-6 век од н.е.“
temeliВо моментов течат археолошките истражувања околу просторот и во внатрешноста на сакралниот објект. Сите истражувања ќе влезат во проектна програма  за конзервација, рестарвација и ревитализација  на фрескоживописот на црквата истакнува  Кузман. Директорот на Управата за заштита на културното наследство објаснува дека веќе се земени и проби за анализи на солите кои  го напаѓаат фрескоживописот. Останува само да се докомплетира стручниот тим конзерватори од странство и земјава истракнува Кузман. „По препорака од УНЕСКО  се предложени странски експерти, конзерваторите  Донатела Зари и Карло Бантормаси , а  од Грција, Алкис Препис. Од Македонија се вклучени 5 –мина екперти од Националниот конзерваторски центар, од Охридскиот Завод и Музеј и од други центри  од земјава“.
Во петокот, експертите се состанале и разговарале за причините и можните последици на нагризувањето на фрескоживописот,  но  и за составот на тимот  кој треба заедно да работи на неговата конзервација и заштита укажува Кузман. Рестарвацијата, конезрвацијата и ревитализацијата на фрескоживопиост на Св. Богородица Перивлепта, позната и како стар Св. Климент, која датира од 1295 година,  ќе се прави со 650 000 американски долари, донација од американската влада.

{loadposition content9}