Skip to main content

Шапкар се појави во судницата, претресот повторно одложен

Ново одлагање на судскиот претрес против Кристијан Шапкар. Иако овој пат Шапкар го почести судот со своето присуство, сепак судскиот претрес повторно беше одложен за следниот месец.

 |  Крсте Голабовски  | 
gliser
глисер
Osnoven sud OhridВо судницата покрај обвинетиот Кристијан Шапкар беа присутни и сведоците Ангела Белеска, Ивана Шапкар и Тодор Ропчев. Исто како и на предходниот претрес, не се појави сведокот Алан Каоу, ниту адвокатот на Златко Муцински, Татјана Попоска. Судијата Милчо Клишески информира дека не е доставено дополнително извествуање до Основниот суд од Охрид, од Клиниката за невропсихијатрија, во врска со барањето да се изврши вештачење за случајот Шапкар, иако е уредно испратено и примено барање на 13.09.2009 година. Судијата Клишески додаде дека не е одговорено и на нивното трето барање доставено до Управата за хидро-метоеоролошки работи, во врска астрономските податоци за време на несреќата.  Со оглед дека предметот сеуште се на вештачење на Клиниката за невропсихијатрија во Скопје, не постојат законски услови за постапување, па судскиот претрес се одлага за 15.11.2010 огидна. Глисерската несреќа се случи минатото лето на 22 август. Во несреќата животот го загуби Ирина Романова Муцинска (39), мајка на две деца, вработена во Т- мобаил. Како осомничен, Шапкар заработи кривична пријава за тешки дела против безбедноста и имотот на луѓето во сообраќајот и од страна на истражен судија му беше одредена мерка притвор во траење од 30 дена. После одлежувањето на притворот во болницата Св.Еразмо, Шапкар беше пуштен да се брани од слобода.

Експертите по право, информираат дека одлагањето не мора да значи тактизирање. Велат дека едноставно треба да се создадат законски услови за да може судскиот процес конечно да се одржи. 
{loadposition content9}