Skip to main content

Авионот полета, но се сруши новинарската етика

Обид за дискредитација на работењето на Охридскиот аеродром, а воедно и на швајцарската авиокомпанија „Хело“.

 |  Крсте Голабовски  | 
Aerodrom Ohrid
Аеродром Охрид
Aerodrom OhridДенес во медиумскиот етер осамна информацијата за тоа дека завчера патнички авион од Цирих за малку ќе се урнел во близина на охридскиот аеродром, наводно, поради сериозни проблеми со системот за контрола на висината и дека поради дополнителни МЕХАНИЧКИ проблеми, не му било дозволено да полета истиот ден.

Извори за ТВМ информираат дека авионот на швајцарската авиокомпанија „Хело“ воопшто не ни бил стартуван за лет, поради детектиран проблем при рутинската контрола на неговиот кокпит.

Во медиумскиот етер се појавија информациите, дека проблемот со кормилото за висина, попознато како елеватор била наводно причината за откажување на летот назад за Цирих, кој требало да следи еден час по слетувањето.

При направената пак денешна контрола на леталото од страна на експертски лица, претставници на „Хело“ авиокомпанијата, е востановено дека автоматскиот пилот на леталото не функционира, па поради тоа истото во теков на денешниов ден, летна назад за Швајцарија.

Авионот успешно полета за Швајцарија и многу е веројатно дека ќе стигне на својата дестинација, но се сруши новинарската етика, а богами и основната информираност на одредени ветришта кои во последно време без контрола дуваат во медиумскиот етер во нашава држава. До кога народот ќе биде труен со дилетантски, непроверени, а во многу наврати и невитиснити информации и до кога како во последниов случај личните интереси на поединци ќе се исправат пред општото добро.


{loadposition content9}