Skip to main content

Рекетари го собраа кајмакот од овогодинешната туристичка сезона

Хотелиерите и сопствениците на агенциите собраа храброст да проговорат за најголемите проблеми со кои се соочуваат. Тие тврдат дека од сезоната која измина најголем ќар оствариле таканеречените рекетари преку кои во Охрид царува сивата економија.  

 |  Татјана Маленкова  | 
Охрид
Охрид
hotelТуристите не можат да стигнат до нашите агенции поради дивите туристички агенции и дивите чекачи“, тврди сопственичката на Туристичката агенција Визија, Валентира Достиноска.

„ Често пати дилери доаѓаат и ни ги земаат туристите  буквално од пред агенции, а за тоа од нас бараат провизија. Tаксисти ќе ми се јават, бараат сместување, ги носи кај нас и бара 10 % провизија. Годинава дојдовме до ситуација таксисти од Скопје да го работат Охрид, со клучевите на појас“, вели Достиновска.  


„Оваа појава на која никој не се дрзнува да и стави крај не загрижува, поради фактот што ако за скоро ништо не се промени ни престои опасност сите ние кои работиме законски да ги завориме агенциите“, додава Достиновска. Таа е зачудена зошто никој не реагира кога на надлежните служби добро им е познато кој како заработува во Охрид, но сепак никој не превзема ништо.

„ Буквално сите ги познаваат луѓето кои ја вршат оваа нелегална дејност, затоа што тие нон стоп се надвор. не е ни тајна. на интернет можете да ги најдете постојано тие не се кријат од она што го работат“, вели Достиновска.

Turisti
Достиновска тврди дека таа како сопственик на ТА не соработува со овие т.н бизнисмени, бидејќи се чувствува понижена и поради деветгодишниот досегашниот труд, но и поради едукација која ја има. „Под чест ми е да соработувам со такви луѓе дури и по цена да ја затворам агенцијава“, додава Достиновска.

На агенциите и хотелиерите на помош им излегува агенцјата за промоција и подршка на туризмот. Ги слушнавме проблемите а ние како агенција сме мост кој ќе ги актуелизира проблемите и се разбира изнајде начин да ги отстраниме истите и на оние кои легално работат да им ја вратиме добербата, а сите останати да ги детектираме и отсраниме, вели Владо Сукловски заменик директор на агенцијата.

„Ние бевме сведоци дека многу апартмани беа празни поради дилерите кои издаваа туѓи апартмани и кои имаа 50, 60 клучеви од станови од луѓе кои не живеат во Охрид.
Тоа е проблем кој треба да го решеваат и државните институции и локалната власт, бидејќи приветното сместување и контрола е под локална власт“, вели заменик директор на агенција за промоција и подршка на туризмот, Сукловски.

Во интерес на вистината контактиравме и со СВР Охрид. Од таму велат дека не се запознаени со ваков случај, но додаваат дека доколку  имаат било какви сознанија веднаш ќе излезат на терен.

{loadposition content9}