Skip to main content

Фестивалот „Браќа Манаки“ оди во нагорна линија

Организаторите  на 31 –то издание на Фестивалот на филмската камера Браќа Манаки се задоволни како тече годинешното издание.

 |  Валентина Неловска  | 
Braka Manaki
Браќа Манаки
Организаторите  на 31 –то издание на Фестивалот на филмската камера Браќа Манаки се задоволни како тече годинешното издание. Отварањето на фестивалот на кој присуствуваа голем број актери, кинематографи и филмаџии,  како имињата на двајцата  годинешни почесни гости холивудската актерка Хана Дерил и добитникот на наградата за животно дело, кинематограферот Вилмош Жигмонд,  беше супер истакна  директорката на фестивалот Лабина Митеска. Додава, но, мислам секогаш може подобро.
На фестивалот ќе бидат прикажани 95 филмови во 9 програми, а од нив 12 ќе бидат во трката за трите награди, златна, сребрена и бронзена Камера 300. Фестивалот постојано оди во нагорна линија со  прикажување на квалитетни филмски остварувања истакна и филмскиот селектор Благоја Куноски. На љубителите на филмот во двете кино сали им понудивме програма во текот на 24 часа да бираат и уживаат како на богата трпеза рече Куноски. Но, се поголемиот развој на фестивалот отвора потреба градот и државата да изградат достоен филмски  центар  потенцираше селекторот Куноски.
Премиерно на фестивалското отварање  беше прикажан филмот  „Мајки“ на Милчо Манчевски, а фестивалот в петок ќе биде затворен со доделувањето на наградите Камера 300.
Во интернационалното жири кое ќе одлучува за победниците на 31 –то издание на фетсивалот за камера Брача Манкаи покрај Вилмош Жигмонд, член е и македонскиот  режисер Дарко Митрески.   

{loadposition content9}