Skip to main content

Компјутерската евиденција стави ред во инсулинската терапија

Лицата заболени од дијабетес во моментов се задоволни од снабденоста со инсулинската терапија. Се стави ред по инсулинската криза што беше карактеристична на почетокот од годинава, вели Димче Панџак, претседател на Здружението на охридските дијабетичари.

 |  Валентина Неловска  | 
dijabetes
дијабетес
dijabetesЛицата заболени од дијабетес во моментов се задоволни од снабденоста со инсулинската терапија. Се стави ред по инсулинската криза што беше карактеристична на почетокот од годинава вели Димче Панџак претседател на здружението на охридските дијабетичари. Центарот за дијабетес при Општа болница во јули го реши проблемот со инсулинската терапија. Со компјутерска  евиденција на сите заболени од дијабетес ги одреди поотребните количини за дневна и месечна потреба на пациентите  вели Панџак. Додава дека на овој начин се избегнати гужвите во Центарот и е во многу е олеснета работата за вработените. Со оваа евиденција на пациенти се намалила и  потрошувачката на инсулинска терапија за 20 посто бидејќи повеќе нема можност за создавање на домашни залихи на одредени привилегирани пациенти објаснува Панџак.
Претседателот на здружението Димче Панџак нагласува дека за се поголемиот број на пациенти, Центарот за дијабетес при Општа болница станува се претесен. Нивна цел е постојана да се подобрува квалитетот на здравствените услуги на  дијабетичарите. Од здружението разговарале со менаџерскиот тим на болницата за просторно проширување на Центарот. Ќе побараат финансиска поддршка од Локалната самоуправа за доградба на уште еден спрат.
Охридското здружение е формирано пред 20 години. Во него с еевидентирани  околу 5000 дијабетичари, од кои 2000 се на инсулинска терапија, а останатите 3 илјади се лекуваат со помош на таблети.                    

{loadposition content9}