Skip to main content

Доделување награда или политичка фарса?

Објавен конкурсот за престижната Светиклиментова награда. Општината во потрага по нови кандидати за највиското општинско признание, наградата „Патрон на градот“ – Св. Климент Охридски.

 |  Крсте Голабовски  | 
Sv Kliment Ohridski
Св Климент Охридски

Објавен конкурсот за престижната Светиклиментова награда. Иако минатогодишните добитници сеуште чекаат да ги добијат наградите и повелбите, општината во потрага по нови кандидати за највиското општинско признание, наградата „Патрон на градот“ – Св. Климент Охридски.

Ќе го добие ли годинава ова признание третманот и вниманието кое го заслужува? Ќе заврши ли во рацете на оние кои по заслуга го добиле или ќе биде само уште еден од купот камења околу кој ќе се сопкаат интересите на политичките партии во градов?
Најпрестижната награда која општина Охрид ја доделува за животно дело, наградата Патрон на градот – Св. Климент Охридски , која се доделува за  остварувања за подолг изминат период, а е творечка или континуирана работна целина, од година во година го губи својот сјај. Слободно може да се каже дека циркузите кои го следеа нејзиното минатогодишно издание, беа показател за тоа колку може да се девалвира едно признание, неговите добитници, името на патронот кое истворемено е и име на признанието, како и самиот чин на неговото доделување.
svecena akademija

Политички скандали, добитници на награди кои никако да ги добијат наградите, оставки на претседатели на комисии, комисии кои не функциноираат – тоа беше белегот по кој остана запаметена оваа награда минатата година. Покуси останаа охриѓани и за одржувањето на Свечената академија, која е една од традиционалните вредности на градов, манифестација на која традиционално се доделуваат Наградата  за животно дело и Повелбите „Св Климент Охридски “. Дното беше достигнато со овогодинешната изјава на првиот човек на градов, Градоначалникот Александар Петрески кој изјави дека наградите и повелбите по пошта ке им бидат испратени на добитниците. Претседателот на Советот, Душко Јаковчевски изјави дека доколку не се одржи Свечената академија, како што беше случајот со ланската година, задача на општинската администрација е да ги испрати наградите по пошта. Никој  од добитниците на Наградата, ниту од добитницте на Повелбите, до ден денес не ги добиле наградите, па дури ни по пошта. Претседателот на Советот се надева дека годинава нема да се повторат минатогодишните грешки.
На последната седница на Советот на општина Охрид, двете точки кои се однесуваа на разрешување и именување на нов претседател на „Комисијата за одбележување празници и иманифестации, доделување награди и признанија“ не поминаа, а конкурсот денес осамна на порталот од општина Охрид, согласно Одлуката за востанување и доделување на општински награди и признанија. Претседателот на Советот на Општината, Душко Јаковчески изјави дека сега со оваа комисија ќе раководи подпретседателот Љупчо Буџакоски, се додека на седниците на Совет не биде изгласан нејзиниот нов претседател. Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Дејан Паноски кажа дека сквернавењето, кое минатата година локалните власти го направија околу овој празник и доделувањето на наградата, е нешто недозволиво и неприродно да се случува од страна на сопствените граѓани, на сопствениот град. Паноски се надева дека политичкиот инает годинава ќе изостане.
Дали минитагодшишните збиднувања, во голема мерка ќе придонесат за намалување на бројот на апликантите за ова престижно признание, останува да видиме. Останува и дилемата колку комисиите при Советот и нивните членови се компетентни да расправаат за прашања од областа за која се формирани. За оваа награда, покрај поединци и институции од градот, можат да конкурираат и кандидати од земјава и од странство. Конкурсот за наградата Патрон на градот – Св. Климент Охридски трае 15 дена сметано од денот на објавувањето.

{loadposition content9}