Skip to main content

Одложено првото рочиште за потонувањето на бродот „Илинден“

И после година дена од трагичниот настан, не бледеат лошите сеќавања од 5 ти септември 2009 година. „До пред моментот на несреќата посигурен бев во Илинден отколку во сопствениот живот“, изјави капетанот на бродот Сотир Филевски.

 |  Билјана Николовска  | 
sudnica
судница

sudnicaГлавниот судски претрес што се води против Сотир Филевски и претставникот на реномираната германска компанија „Лојд“, Бранко Бајиќ, одложен. Судијката на овој спор Милка Танеска, истиот го презакажа за 18 јануари 2011 година. Главна причина поради што денес во Основниот суд во Охрид не се одржа главниот претрес, беше неприсуството на второ обвинетиот Бајиќ, иако уредно бил поканет по диломатски пат, рече Танеска. Бранителите на обвинетиот категорични во својот став дека нема вина кај Филевски. „Вина има некој но не и обвинетиот“, рече бранителот Саво Коцаре, и додаде дека причината поради несреќата е затајувањето на техничката контрола од страна на „Лојд“, која дала дозвола за исправност на бродот.

Според Димитрија Цобоски, другиот бранител на обвинетиот, што побрзо се отпочне со процесот, се утврди вистината и се донесе одлука, тоа подобро би било  за капетанот Филевски и воопшто за целокупната јавност. Тој додаде дека во зависност од постапката постои основа за проширување на обвинението.

Нема вина и за второ обвинетиот Бранко Бајиќ, тврди неговиот бранител Славко Котески. Неговото отсуство од главниот претрес, тој го оправда со изјава дека неуредно бил поканат. Котески се соочи со сложени прашања од новинарите.

kapetan Sotir Filevski

„Дел од секундата ми го измени целиот мој живот и сеуште не сум свесен како се случи“ раскажа капетанот на Илинден, Сотир Филевски. Очигледно неговата траума од тој кобен ден сеуште е присутна, посебно денес кога после повеќе од една година повторно, ги гледа бродовите на охридското пристаниште.

Како што е познато обвинетите се товарат за предизвикување на тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот, кривично дело за кое законот предвидува затворска казна од 1 до 5 години. Само за потсетување, минатата година на 5 ти септември на само 200 м од крајбрежјето на Охридското Езеро кај месноста „Елешец“, потона бродот Илинден при што од 56 те патници, туристи од Р. Бугарија, 15 се удавија. Бугарските судски власти веќе прогласија виновник Георгиева, поради организирање на патување без придржување кон одредбите предвидени со закон. Бугарските власти најавуваа посебна истрага во врска со бродската несреќа, но таа е прекината поради тоа што за исто кривично дело истовремено не може да се водат два судски процеси. Тие не се откажуваат ниту од судската постапка против Охридската капетанија, па се очекува после почетокот на судењето во Македонија да биде покрената приватна тужба против Капетанијата на пристаништата во Охрид.


 {loadposition content9}