Skip to main content

Охрид нема да учествува во трката за манифестацијата „Град на култура“

Преголема политизација и калкулантство во трката за престижниот епитиет Град на културата. Ова се причините поради кои Општина Охрид го откажува учеството на конкурсот за манифестацијата „Град на културата во 2011 година.“

 |  Крсте Голабовски  | 
Ohrid
Охрид

OhridОхрид одби да биде дел од трката за манифестацијата „Град на култура за 2011 година“. Калкулантство при изборот на градот, навреди и потценувања на останатите апликанти, како и политизација на самата манифестација се само дел од причините поради кои Општина Охрид го откажува учеството на конкурсот за манифестацијата „Град на културата во 2011 година, вели Советникот за култура при Општина Охрид, Митре Вељаноски. Ланската година ни со планиран буџет од околу осум милони денари распореден за десетина културни проекти, Охрид не успеа да стане „Град на културата “.Вељаноски додава дека политизацијата на самиот избор, навредливите квалификации на нашата општина и рамништето на кое лани се одвиваше комуникацијата, се причините поради кои од општината се одлучиле на овој потег.

Mitre Veljanoski„Решивме оваа година во знак на протест да не конкурираме, бидејќи претходните години кога до толку не се политизраше држеше некое образложение дека Охрид, сам по себе е град на културата и дека поради рамномерниот културен развој на регионите од тие причини иако имал квалитетна програма, Охрид не бил земен во предвид при изборот“ вели Вељаноски.

Иако за програмата со која Охрид се претстави за Град на културата 2010, беше богата со содржини кои требаше да остават траен национален белег и нивна амбициозна реализација која изискуваше прилично големи финансиски средства, сепак се покажа дека тоа не е тајната на успехот. Со предвиден буџет од  само 6.200 000 денари, но и планирани 147 културни настани, кавадарчани го добија најпрестижното културно признание за 2010. Вељаноски вели дека лани хипокризијата отишла дотаму, што во медиумите релевантни фактори кои биле вклучени и одлучуваат при изборот за идниот град на културата, изјавиле дека Охрид конкурирал со оскудна програма  од 2-3 странички. Советникот за култура се брани дека планираните петнаесетината театараски претстави, дваесетте ликовни изложби и 50 промоции на литературни дела како и одбележувањата на значајните манифестации и јубилеји биле една од најквалитетните програми. Но сепак премалку, за на крај да видиме епилог во кој Министерството за култура пресуди во корист на општина Кавадарци. Вељаноски потенцира дека, Охрид ќе остане еден од градовите кои најмногу издвојуваат средства за подршка на живата култура, без оглед на тоа што годинава ќе го скокнат учеството во трката за оваа манифестација.

„Но и покрај тоа и како што досега беше и во изминативе години, така ќе биде и во следната година, ние ќе предвидиме средства од буџетот и ќе се обидеме сите културни манифестации да ги потпомогнеме онолку колку можеме, изави советникот за култура, при Општина Охрид.

За таа цел Министерството за култура ќе склучи договор за заедничко финансирање со локалната самоуправа за реализација на манифестацијата „Град на културата во 2011 година“.На конкурсот кој го распиша Министерството за култура можат да учествуваат сите општини во Република Македонија. Имаат обврска да достават проект кој ќе биде составен дел од Годишната програма за финансирање програми и проекти од национален интерес во културата за 2011 година. Досега домаќини на ова случување, чија главна цел е создавање на рамномерен културен развој и достапност на граѓаните до културните вредности и нивно масовно користење, биле Радовиш, Битола, Прилеп, Куманово, Штип и Велес.

 {loadposition content9}