Skip to main content

Синдикалците на меѓународна конференција во Охрид

Претставници на синдикатите од Македонија, Шведска, Русија, Германија, Холандија, Турцја, Хрватска и Црна Гора на Меѓународна конференција во Охрид расправаат за актуелни прашања, како што е светската финансиска криза, улогата на синдикатите и социјалниот дијалог во тие услови.

 |  Татјана Маленкова  | 
konferencija
конференција

konferencijaСветската финансиска криза која трае 2-3 години покрај финансиски проблеми предизвика и големи екномски, социјални и психолошки последици за вработените. Од овие проблеми недопрена неостана ни  Македонија која на економско – социјален план има доста проблеми. „Уште кога се појавија првите знаци на кризата, ССМ апелираше до владата на РМ навреме да се преземе мерки за да се амортизира незиниот удар врз македонската економија, но и на работните услови и работните места на микро ниво“, истакна претседателот на ССМ Живко Митревски. Тој пред присутните проговори за усвоените четири пакети – антикризни мерки од страна на владата а подржани од ССМ.

Митревски додаде дека ССМ од владата побарала целосно спроведување на четирите пакет – антикризни мерки од сите субјекти, подобрување на ивестиционата клима во државата, првлекување на странски и домашни инвеститори, навремено враќање на средствата за претпријатијата по основ на ДДВ но и навремено исполнување на обврските на сите субјекти кон државата.

Претставниците на синдикатите на денешната конференција говореа и за предлог резолуцијата за социјален дијалог и улогата на синдикатите во услови на економска и финсиска криза. Со оглед на важноста на овој документ присутните ги разменаа своите искуства , потребите и определбите за дејствување кои можат да се вградат во Резолуција предложена за 18 конгрес на сојузот на синдикатите на Македонија, кој треба да се одржи утре.

 {loadposition content9}