Skip to main content

Утре пред советниците жешки планови

Локалната ќе се обиде да протурка  5 точки за нацрт-детални урбанистички планови, кои веќе на хартија се дел од Дневниот ред за утрешната седница. Ова за ТВМ го најави претседателот на Советот Јаковчевски, а го потврди градоначалникот Петрески.

 |  Татјана Маленкова  | 
sednica
седница на Совет

sednica na sovetНацрт-деталните урбанистички планови за дел од строгиот центар на Охрид ќе се најдат пред советниците на утрешната седница. Локалната ќе се обиде да протурка  5 точки за нацрт-детални урбанистички планови, кои веќе на хартија се дел од Дневниот ред за утрешната седница. Ова за ТВМ го најави претседателот на Советот Јаковчевски, а го потврди градоначалникот Петрески

Посебно внимание од овие нацрт детални урбанистички планови привлекуваат два, посветени  на атрактивни локации во централното градско подрачје.

Првиот предлог план се однесува на комплексите Табана и Летница, а вториот за локации околу дирекцијата на НУ Охридско лето. Едната е зелениот појас пред самата дирекција, а втората е паркинг просторот позади дирекцијата,познат меѓу охриѓани како паркинг кај Ривиера.

Јавноста деновиве беше бомбардирана со ставовите и повиците на ОК на ВМРО ДПМНЕ, да не се дозволи донесување на овие нацрт детални урбанистички планови, и ако е потребно да се повлечат дадените согласности од надлежните институции, во случајов Управата за заштита на културно наследство преку Завод и музеј Охрид. Во одбрана на градот, како што велат од таму,  советниците од оваа партија на утрешната седница  ќе побараат и поеднично јавно гласање.

Но и да дојде до неизгласување на нацрт плановите, односно да се одлучи овие локации да не добиајт маркици за градење, градоначалникот вели дека сопствениците на земјиштето веднаш можат да ја бараат правдата пред судските инстанци и со сигурност да го добијат спорот. Ова го темели на фактот што зградите се зацртани во ГУП-от за Охрид уште пред 30 години.

Се поставува прашањето зошто никој од поборниците за овој дел на централното градско подрачје да остане без згради, не реагираше пред 4 години, кога Локалната изврши промена на ГУП-от? Има ли доволно волја кај надлежните да иницираат можеби повторна промена на ГУП-от, како би се корегирала одлуката од пред 30 години и овој дел би останал онаков каков што е? А има ли можност за обештетување на сопствениците, за сметка на зацртаните маркици за изградба на станбено –деловни објекти на ова место? На овие, како и  на многу други прашања кои се наметнуваат во целава ситуација, пожелно би било да се продискутира на утрешната седница, како од страна на советниците така и од страна на претставниците од Секторот за урбанизам. Со тоа ќе се покаже максимална транспаретност на Советот и Локалната, која  декларативно постојано се потенцира.

Доколку не се случи тоа,  и утрешната  седница ќе биде по онаа народната – Кучињата лаат, карванот си врви. Слични ситуации околу спорни урбанистички решенија имавме и пред неколку години, кога јавноста дебатираше, дел од советниците критикуваа, а плановите за старата автобуска станица, односно за зградата во близина на пазарот од изведувачот “Трим и Лум“ поминаа кај градските избраници.

Доколку советниците не развијат дискусија за овие жешки точки, со сигурност им останува да ги разгледаат кварталните извештаи за Јавните претпријатија Проаква, Комуналец, Нискоградба и Билјанини извори, Предлог Одлука за утврдување фискална стратегија и развојни програми на општина Охрид за 2011 год., како и Предлог Одлука за формирање штаб за заштита и спасување на општина Охрид, кои се официјално закажани точки за 27-та седница на Советот на општина Охрид.


{loadposition content9}