Skip to main content

„Кецељите“ во ОУ Христо Узунов легално набавени

Училишните униформи повторно актуелни. До нашата редакција стигна поплака од родители во врска со  набавката на училишните униформи во  ОУ „Христо Узунов“.

 |  Валентина Неловска  | 
uniforma
униформа

Училишните униформи повторно актуелни. До нашата редакција стигна поплака од родители во врска со  набавката на училишните униформи во  ОУ „Христо Узунов“. Во реакцијата стои дека униформите се набавени без тендер по цена од 900 денари, а се плаќаат во готово, на рака на професорите. Се упатува обвинение дека од оваа набавка некој длабоко профитира. Ваквите обвинувања ги побива директорот на училиштето „Христо Узунов“, Оливија  Пирузева Јанева. Директорката категорично тврди дека одлуката за набавка на школските униформи е легално донесена од страна на Училишниот одбор и Советот на родители. При воведувањето на униформите  Комисија составена од родители ја избрале најдобрата од неколкуте понуди која е непроемнета повеќе од 5 години, вели Пирузева Јанева.

Во однос на купувањето директорката информира дека  во првите неколку години набавката одела преку училиштето, но за тоа се издавале сметки. „Сега  родителите ги подигаат униформите по цена од 800 денари и ги плаќаат во продавница која  е преставник на штипска фирма избрана од Училишна Комисија“, објаснува директорката на училиштето.

Пирузева Јанева појаснува дека  учениците чии родители не се во можност да купат униформа училиштето остава можност тие да сошијат од сличен материјал, па дури  и да изнајмат. Директорката вели дека целата документација е во училиштето и може да се стави на увид. Училишните униформи во ова школо се задолжителни и се воведени пред 6 години.

Овој проект остана карактеристичен само за оваа образовна институција. Останатите училишта од градот не ја прифатија идејата учениците да бидат униформирани и засега останаа без некогашните практични и популарни „кецељи“.

 {loadposition content9}