Skip to main content

„Нискоградба“ добра – за кого како….

ЈП „Нискоградба Охрид“ за ВМРО ДПМНЕ место за партиски вработувања, за СДСМ позитивата на новото ЈП е доказ дека Нискоградба работи добро.

 |  Билјана Николовска  | 
niskogradba
нискоградба

sednicaПредлог одлуката за усвојување на првиот извештај за работа од формирањето на ЈП „Нискоградба Охрид“, на дваесет и седмата седница помина со повеќе забелешки. Советничката од ВМРО – ДПМНЕ, Јованка Дамоска рече дека се потврдиле нивните укажувања дека новото ЈП е уште една црна точка, исто како Јавните претпријатија кои веќе дејствуваат на подрачјето на општина Охрид. Таа нагласи дека извештајот, каде 90% за првото тромесечје отпаѓа на трошоци за вработени, е само уште еден доказ зошто е отворено ова претпријатие – за партиски вработувања.

Ахмет Патељ, рече дека советничката група на СДСМ пак има спротивен став. Додаде дека новото ЈП ги оправдало нивните очекувања и веќе остварило добивка.

Верица Хајба од НСДП, рече дека според реакцијата на граѓаните Советот на општина Охрид донел вистинска одлука за отварање на „Нискоградба“. За нејзе најголема забелешка до директорот на ЈП е да излезе јавно и на граѓаните да им ги објасни проблемите кои се јавуваат во врнежливите денови.

„Новото ЈП „Нискоградба Охрид“ покажа дека го спасува бурето без дно наречено МЈП “Проаква“, изјави Томислав Тунтев од СДСМ . Тој рече дека не разбира зошто на една позитива се гледа негативно.

За оваа точка имаше бројни коментари и од страна на останатите советници, но на крај предлог извештајот сепак беше усвоен

{loadposition content9}