Skip to main content

Започнува сезоната на празници, но и на петарди

Сериозно против недозволената употреба на пиротехнички средства и поседувањето на нелегално оружје.

 |  Крсте Голабовски  | 
petardi
петарди

sostanokОвој период од годината посебно деновите пред новогодишните празници, се карактеризира со зголемена злоупотреба на пиртехничките средства. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека само во минатата година,  СВР Охрид на подрачјето на општината пронајде и одзеде околу 20.000 парчиња петарди како и други пиротехнички средства. Исто така против  две лица била поднесена и кривична пријава.

Што се однесува до поседувањето и користењето на нелегалното оружје, Димоски информира дека се прават огромни напори за легализација на оружјето од Б,Ц,Д, категорија како например ловџиското оружје кое се поседува без дозовола. Во насока на зголемување на безбедноста, вели Димоски е и јавниот повик за доброволно предавање на оружјето од А категорија. Димоски додава дека се превземаат мерки со цел да се санкционираат и сите оние кои што се обидуваат на семејните прослави нелегално да употребуваат огнено оружје.

Имено на денешниот 17 ти состанок на Советодавната група на граѓани од Охрид кој беше инициран од страна на СВР и Одделението за превенција присуствуваа претставници од образовните институции, педагошко психолошките служби, црвениот крст, невладиниот сектор  и медиумите.

{loadposition content9}