Skip to main content

Улицата „Јане Сандански“ сеуште со тесно грло

Поради изведување на градежни работи, оштетен дел од тротоарот и коловозот на улицата „Јане Сандански“.

 |  Крсте Голабовски  | 
ul jane sandanski
ул Јане Сандански

ul jane sandanskiДел од улицата „Јане Сандански“ сеуште со една функционална коловозна лента. Советникот за улици од Одделението за сообраќај и комунален развој, Зоран Шикалески информира дека поради изведување на градежни работи, на објект кој се наоѓа на оваа улица, дошло до оштетување на дел од тротоарот на истата. Шикалески, потенцира дека овие градежни работи не се причината поради која е оштетен коловозот на оваа многу прометна градска сообраќајница. Коловозот додава Шикалески е оштетен во должина на речиси целата улица уште одамна при поставување на канализационата мрежа.

Советникот Шикалески додаде дека не се констатирани некои големи оштетувања, туку дека само е утврдено пукање на тротоарот и негово издвојување за околу два сантиметри поради изведувањето на градежните работи. Поради тоа додава Шикалески биле приморани да ја затворат едната коловозна лента, со цел да не дојде до несакани последици и дополнително оштетување на тротоарот и коловозот, поради движењето на тешки товарни возила, на оваа сообраќајница. Што се однесува пак до паркинг просторот кој се наоѓа на оваа улица, а го користат такси возилата истиот е одеземен со цел непречено одвивање на сообраќајот, објасни Градоначалникот Александар Петрески.

Советникот за улици Зоран Шикалески информира дека таксистите нема да бидат воопшто оштетени и дека додека трае санацијата, ќе го користат паркинг просторот пред Гимназијата. Додаде дека од страна на градежниот инспекторат на изведувачот му е даден определен рок во кој треба да заврши поставувањето на вториот потпорен ѕид кој се наоѓа на страната од улицата, со што на оваа собраќајница ќе и се врати првобитниот режим на сообраќај.

{loadposition content9}