Skip to main content

Одбележан светскиот Ден за борба против хив/сида

Благодарение на ОО на Црвениот крст и во Охрид се спроведоа низа активности за подигање на свеста кај населението за ова вирусно заболување.

 |  Татјана Маленкова  | 
den borba proytiv HIV/AIDS
Ден за борба против хив/сида

C+1 декември, Светски ден за борба против СИДА. Благодарение на ОО на Црвениот крст и во Охрид се спроведоа низа активности за подигање на свеста кај населението за ова вирусно заболување. Активностите во црвениот крст започнаа во раните утрински часови. За средношколците од Општинското средно училиште Св Климент Охридски се одржаа три работилници. Претседателот на ОО на Црвениот крст Сашо Точков вели дека Едукацијата од волонтери на Црвениот крст, на нивни врсници ќе продолжи и во сленава недела.

Невладината акција „Опција Охрид“  подолг период спроведуваат теренско Доброволно и доверливо советување и тестирање за ХИВ, без заинтересираните да одат во здравствена институција.  Подвижното комбе со специјална лабараторија месечно им стои на располагање на сите кои сакаат бесплатно да се тестираат.

„Комбето доаѓа два пати месечно, одредуваме ГЕЈТ Кипер претставник на цела група кој носи заинтересирани луѓе. Има заинтересирани, младите се целна група, интервенозните и сексуалните работнички“,вели волонтерот на Опција Царе Рувинова.

„Од почетокот на епидемијата во 1987 год. до денес на нашево подрачје регистрирани се 5 случаи  на СИДА и сите се починати.

Првиот регистриран е од 1993 год. а последниот е од мај 2008 год. Во 2009 и 2010 год нема ни еден ХИВ позитивен, вели епидемиологот Јованка Стурлакова Коровешоска.

Епидемиолозите велат дека навременото дијагностицирање на ХИВ инфекцијата, како и навременото отпочнување со антиретровирусниот третман се главни превентивни мерки за спречување на ширењето на ХИВ инфекција. Република Македонија се уште е во групата на земји со ниска преваленца на ХИВ. Оваа година во Република Македонија вкупно се регистрирани 12 случаи со ХИВ/СИДА  од кои најголем број во Скопје и Тетово.

Во државава  живеат вкупно 69 лица со ХИВ/СИДА (од кои 33 се ХИВ позитивни, а 36 се заболени од СИДА).

{loadposition content9}