Skip to main content

Уставниот суд ги замрзна постапките за локалните плански документации

Уставниот суд започна процедура за преиспитување на Законот за просторно планирање, со кој локални комисии на барање на инвеститори, многу лесно добиваа маркици за зголемување на катноста на веќе постоечки објекти.

 |  Татјана Маленкова  | 
Ustaven
Уставен суд


UstavenУставниот суд започна процедура за преиспитување на Законот за просторно планирање, со кој локални комисии на барање на инвеститори, многу лесно добиваа маркици за зголемување на катноста на веќе постоечки објекти.

Советничката Верица Хајба на седница на Совет во месец септември предвиде или пак само им искоби на инвеститорите – се замрзнаа членските одредби врз основа на кои инвеститорите добиваа дозвола за градба по локална планска документација.

Токму тоа, постапките за локалните плански докумнетации Уставниот суд вчера времено ги стопира и такви ќе останат најверојатно два месеци.

„Се забранува донесување на поединечни акти и превземање на дејствија врз основа на четири законски одредби“, вели портпаролот на Уставниот суд Југослав Миленковски.  Со други зборови, сите започнати градби и доградби, со градежни дозволи добиени врз основа на локална планска документација треба да се стопираат.

Тој додава дека процедурата за носење на локални плански докумнетации е во спротивност на носењето на ДУП и дека Уставниот суд утврдил дека постојат два паралелни системи на донесување на плановите и поради тоа е доведена во прашање темелната вредност за хуманизација на простор и владеењето на правото.

„Одлуката на Уставниот суд стапува на сила штом излезе во Службен весник“, велат од локалната самоуправа.  До тогаш, за да постапиме според измените, мора да ги разгледаме членовите од законот за кои судот смета дека се спорни и кои треба да претрпат измени, додаваат од таму. Познавајќи го нашиот мнаталитет, најверојатно инвеститорите сега ќе ги засучат ракавите и ќе се обидат да сработат што повеќе од започнатото, обидувајќи се тоа да го изведат до излегувањето на одлуката на уставниот суд во службен весник.

VrevezoskiИнаку за сите оние кои ќе ја прекршат одлуката на Уставниот суд по излегувањето на истата во Службен весник,  ќе следат санкции. Надлежностите остануваат какви што се, поточно локалните инспекциски служби треба да го контролираат мирувањето на инвеститорите за локалните градби, а државниот инспекторат за градбите на државно ниво.

За потсетување за нецела година, во градскиот совет изгласани беа дури 133 вакви документации.

{loadposition content9}