Skip to main content

Недела за борба против ракот на грлото на матката

На 23ти овој месец започна Европската недела за превенција на рак на грлото на матката. Ќе се спроведува едукативна кампања на државно ниво за поблиско запознавање со последиците од оваа болест. Ракот на грлото на матката е едно од најчестите малигни заболувања кај жените.

 |  Мишел Наумоски  | 
na ginekolog
на гинеколог
na ginekologВо Македонија повеќе од 200 жени секоја година заболуваат од рак на грлото на матката, а приближно половина од нив умираат. На светско ниво годишно се регистрирани околу 500 000 нови случаи од кои дури 300 000 завршуваат трагично. Инфекцијата со високоризичните типови на Human Papiloma вирусот е главен фактор во настанувањето на ракот на грлото на матката. ХПВ инфекцијата најчесто се пренесува преку сексуален однос, но и преку неполов пат (од мајка на дете, од облека, хируршки ракавици).Еден од начините за превенција е примањето на ХПВ вакцината. Оваа вакцина не содржи живи вируси, таа е протеин кој се добива со генетски инжењеринг и не може да предизвика ХПВ инфекција. Вакцината се дава во серија од три инјекции во мускул, во тек на шестмесечен период. Најдобро е вакцината да се дава пред девојката да стане сексуално активна. Во Македонија откако почна задолжителната вакцинација против ХПВ досега се вакцинирани 4500 девојчиња на возраст од 9 до 26 години. Од редовната вакцина која се дава на 12 годишна возраст, досега се вакцинирани околку 20 % од вкупните 14 000. Досега не се пријавени никакви несакани дејства. Додека кај нашите соседи ХПВ вакцината се наплаќа од 120 до 350 евра, таа кај нас е бесплатна. Сепак интересот на родителите да ги вакцинираат своите деца е незначителен. Вакцината која ја примаат девојчињата на возраст од 9 до 15 години е четворовалентна вакцина, што значи дека спречува инфицирање со 4 типа од ХПВ вирусот. Тоа се типовите 6, 11, 16 и 18. Од овие 4 типа, типовите 16 и 18 спаѓаат во високоризичната група која најчесто предизвикува рак на грлото на матката.
Вакцината сама по себе не може да ја излечи инфекцијата. Таа има само превентивна улога исто како и ПАП-тестовите кои треба да овозможат рано откривање на промените на грлото на матката.

Ракот на грлото на матката е едно од најчестите малигни заболувања кај жените. Процентот на морталитет кој го предизвикува е огромен. Иако оваа болест е излечива доколку се открие во раниот стадиум, сепак гинеколозите советуваат да се превземаат сите превентивни мерки. Редовните контроли се најдобар начин за справување со оваа болест.
{loadposition content9}