Skip to main content

Изложба на фотографии од Охрид во Њу Јорк

Охридските убавини преку фотографиите на Зоран Велјаноски Летра ќе бидат претавени во центарот на фотографијата Њу Јорк. 40 фотографии од кои 24 во голем и редок фотографски формат 100 на 70, 18 во формат 50 на 70 жителите на Њу Јорк ќе имаат можност да ги видат од  20 март до 3 април.

 |  Татјана Маленкова  | 
zoran Veljanoski Letra
Зоран Велјаноски Летра
Охридските убавини преку фотографиите на Зоран Велјаноски Летра ќе бидат претавени во центарот на фотографијата Њу Јорк. 40 фотографии од кои 24 во голем и редок фотографски формат 100 на 70, 18 во формат 50 на 70 жителите на Њу Јорк ќе имаат можност да ги видат од  20 март до 3 април.

zoran Veljanoski Letra„Охрид вечниот град и бисер на Европа“ е насловот на изложбара, а носечка фотографија на ова културно збиднување ќе биде фоографијата на Заливот на коските, фатен од перспектива од пред дожд и тоа од агол каде нема ни еден современ објект.
„Фотографиите ќе бидат посветени исклучиво на Охрид овековечен во чудната мистика на природата“, вели Велјаноски.

„Ќе го прикажам Охрид од импресионистички правец, каде делови од ренесансата посебно на Св Богородица Перивлепта, со што ќе нагласам дека ренеансата потекнува од овие простори од старите мајстори кои работеле посебно на црквата Св Богородица Перивлепта“, вели Велјаноски.   

Излозбата на Велјаноски ќе биде преставена и во галериското издание на Галери Гајд, што е извонредна можност љубителите на уметноста да бидат инфрмирани за изложбата и за убавините на Охрид.

Ова не е прв пат Велјаноски да излага во Њу Јорк.  Првиот пат тоа беше во 2007 год во центарот Линколн.
Летра вели дека репродукции од фотографиите кои ќе бидат изложени во македонскиот културен центар во Њу Јорк, ќе и подари и на локалната самоуправа, со цел истите да послужат за саемско претставување на Охрид.     
{loadposition content9}