Skip to main content

Семинар или „факс“?

Што е поважно, формалното или неформалното образование? Од колкава помош за младите е неформалното образование?

 |  Крсте Голабовски  | 
predavanje
предавање
Од колкава помош за младите е неформалното образование? Сведоци сме дека честопати одредени лица кои имаат подолго искуство на одредена проблематика, имаат многу погoлеми вештини за одредено работно место, отколку лице кое штотуку дипломирало. Во последно време дури и одредени земји членки на ЕУ го признаваат бенефитот од овој вид на стекнување со знаења и вештини, па дури се направени обиди и  да го официјализираат, вели Исмаилоска Нола од НВО – Младински креативен центар – Велес.

predavanjeОд едната страна го имаме формалното образование стекнато во образовните институции кои припаѓаат на редовниот школски систем: основни и средни училишта, факултети и универзитети, неформалното образование има поинаков пристап од горенаведените образовни институции. Од другата страна пак е знаењето стекнато неформално, преку посетување на специјализирани курсеви, обуки, семинари, самоучење па дури и преку искуството на работното место. На работилницата одржана под покровителство на ЕК, а се однесува на неформалното образование, преставниците од НВО од земјите од Европа и Балканот, велат дека неформалното образование е од огромна важност.

Лицата кои знаењето го стекнале преку неформално образование немаат ниту свидетелство ниту диплома. Најчесто, за стекнатото неформално образование, лицата имаат сертификат или потврда издадена од тренинг центар, но овој документ ни оддалеку не може да се вреднува подеднакво со свидетелствата или дипломите издадени од институциите на образовниот систем. Со завршувањето на оваа работилница, учесниците добиваат Youth Pass сертификат, во кој се наведени осум вештини кои мора секој апликант за работно место во некоја од земјите од ЕУ да ги поседува, како, познавање странски јазик, иницијатива, комуникациски вештини и друго, вели еден од предавачите на работилницата. Ќе остане неодговорено прашањето колку брзо оваа идеја би заживеала кај нас и со тоа неформалното образование да се вреднува многу повеќе од сега, што е случај во другите поразвиени земји. Во таа насока се наметнува идејата за изградба на еден систем за единствена верификација, односно еден вид на испит со кој ќе се провери и потврди знаењето на лицата кои немаат завршено формално образование.
{loadposition content9}