Skip to main content

Злоупотреба на тротоарите

Покрај паркираните возила на тротоарите, пречка за пешаците се и узурпираните тротоари од страна на дел од угостителските објекти во градов. Во првиот случај пајак службата веднаш излегува на терен, но во вториот  се прогледува низ прсти и се чека налог.

 |  Билјана Николовска  | 
uzurpirani trotoari
узурпирани тротоари
uzurpirani trotoariЗлоупотреба на тротоарите во градов има. Безбедносните зони за пешаци, посебно во делот на крајбрежната линија, узурпирани некаде во целост а некаде само на дел од нив. Охриѓани сметаат оти сопствениците на дел од угостителските објекти во овој дел од градот, си го гледаат само сопствениот интерес, не водејќи сметка за безбедноста на движењето на пешаците.
Одобренија за поставување урбана опрема издаваат од Секторот за Урбанизам. Тихомир Дурнев, од тој сектор, вели дека секоја година согласно Законот за градба, се донесува програма за поставување на урбана опрема кој се состои од два дела, графички и текстуален. Во тие делови дефинирани се сите правила за поставување урбана опрема и одредување  локации каде може да се постави истата. Дурнев, кажа дека дел од законската постапката е и издавање на извод на барателот, кој пак доставува елаборат, кој треба да добие зелено светло од Локалната самоуправа, па потоа следува одобрението. Се што понатаму следи, контроли, итн е во рацете на општинските инспекциските служби, додава тој. Раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски, вели оти евидентна е појавата на узурпирани површини, но дека единствено што е во нивна надлежност е покренување на соодветна судска постапка.
uzurpirani trotoariОд друга страна пак евидентно е дека секој ден од троторите низ охридските улици, пајак службата подига моторни возила и во тој дел се можеби и ригорозни. Се наметнува прашањето дали постои селективен однос кон узурпирањето на тротоарите. По се изгледа дека едни правила важат за возилата, а други за урбаната опрема иако и едните и другите се пречка за пешаците. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски рече дека во вакви состојби се делува само по налог на инспекциските служби. Тие од СВР нема што многу да направат затоа што ингеренциите им се ограничени. Каков ќе биде крајниот епилог на овој проблем и дали узурпираните тротоари конечно ќе си ја добијат намената која ја имаат, ТВМ до крај ќе следи и ќе информира.



{loadposition content9}