Skip to main content

Споменикот на Св. Наум е во завршна фаза

Иако желба на Одборот за поставување на споменици од Општина Охрид, беше истиот да биде поставен на градскиот плоштад на 5-ти јануари, денот на упокојување на Свети Наум Охридски – Чудотворец, сепак ќе треба да почекаме.

 |  Крсте Голабовски  | 
idejni reshenija
споменик идејно решение
споменик идејно ресениеОхридската јавност шпекулира дека реализацијата на проектот доцни поради наводни проблеми со постапката за избор на најповолен изведувач, но Јоне Станкоски, претседателот на одборот за поставување на споменици ги отфрла овие шпекулации како невистинити. Станкоски потенцира дека иако желба и на самиот одбор била споменобележјето да се постави за зимен Св.Наум, поради реални причини, поставувањето ќе се одложи.
Одборот за поставување на спомен одбележјето е составен од видни личности од градов и државава. Дел од него се претставници од локалната самоуправа од советот на град Охрид, претставници од секторот за урбанизам ,од Завод и музеј Охрид. Дел од него е и Паско Кузман, како директор на управата за заштита на културносто наследство, потоа директорот на Историски архив на Р.Македонија, Зоран Тодоровски, како и академик Цветан Грозданов.За реализацијата на овој проект средства одвои Министерството за култура и тоа 7 милиони денари кои веќе се на сметката од Локалната, додека остатокот од средствата се собрани од Локалната и донатори. Целиот проект е во вредност од 163.000 евра.
Моментално споменобележјето е испратено во леарницата „Браќа Јеремиќ“ во Белград каде ќе се лие во бронза. Комисија од Одборот за поставување на споменици веќе следната недела ќе изврши надзор, овој пат на леарницата, со цел да се информира како се одвива завршната фаза на изработката на споменобележјето, вели Станкоски. Со ова тој ги отфрла шпекулациите и за наводните проблеми околу изработката на споменобележјето.
Инаку споменикот на Свети Наум Охридски – Чудотворец треба да биде поставен во паркот наспроти Рибниот ресторан во јули месец, на празникот Св.Наум –летен. Обврска за изградба на постаментот и партерното уредување на просоторот околу споменикот има Општина Охрид. Неофицијално дознаваме дека авторот на споменобележјето Томе Серафимовски изјавил дека станува за негово последно авторско дело кое ќе го краси Охрид.


{loadposition content9}