Skip to main content

Класична матура, без новини

Годинава нема матурска екскурзија за средношколците. Рим и Венеција можеби се посакувани, но не и реални дестинации за матурантите од охридската гимназија „Св Климент Охридски“.

 |  Билјана Николовска  | 
Годинава нема матурска екскурзија за средношколците. Рим и Венеција можеби се посакувани, но не и реални дестинации за матурантите од охридската гимназија „Св Климент Охридски“.


Матурските екскурзии не се едноставни за организација. Треба добро да се отворат очи кога се работи за било каква активност поврзана со матурите , вели првиот човек на охридската гимназија Наум Рилкоски. После немилите настани од минатогодишната екскурзија на средношколците во Прага, кога кај дел од нив беше пронајдена дроога со што во негативено светло се прикажа и градов и државава, мора да постои голема внимателност при организација на екскурзиите воопшто, додава тој. Директорот потенцираше оти сепак најголемата одговорност ја сносат професорите.
Експертите од Ф.Т.У сметаат дека организирањето на екскурзии, во агенциското работење е специфична проблематика посебно во делот на организирање на екскурзии за ученици и студенити. Проф. Др. Иванка Нестороска раководител на насоката туризам, децидно кажа, дека агенциите мора да ги запазат елементите кои се од посебно значење. Тука пред се се мисли на квалитетот на сместување и исхрана како и соодветен превоз, секако тоа во соработка со нарачателот на ученичките екскурзии, училиштата. Таа додаде дека неминовен елемент на екскурзиите треба да биде едукацијата на учениците , без разлика која дестинација е определена.
Проф. Нестороска рече, доколку овие услови бидат исполнети не би требало да постои пречка за сигурно организирано патување на ученици.
Годинава матурската екскурзија како пилот предлог на раководниот тим на охридската гимназија паѓа во вода. Директорот појасни дека за овој предлог биле направени само интерни анкети меѓу учениците во училиштето за да се почувствува нивниот пулс што им било од големо значење за понатамошно делување.
Рилкоски како свој став во врска со предлогот за матурската екскурзија рече дека идејата била добронамерна од нивна страна и целта била да се воведе некоја промена. Тој повторно потенцира во јавноста да не се инсталираат шпекулации од типот дека некој сака да манипулира со децата, бидејќи за тоа нема никаква основа. Рилкоски додаде дека сите недоразбирања се надминуваат со разговор, а тој стои на располагање за се што е поврзано со гимназијата.