Skip to main content

Промовирана наградената поема Адам од Говрлево

„Адам од Говрлево“ денес влезе во историјата на лауреатите. Ова дело на Милован Стефановски го доби своето место под поетското небо.

 |  Мишел Наумоски  | 
Adam Govrlevo
Адам од Говрлево


adam od govrlevo„Адам од Говрлево“ денес влезе во историјата на лауреатите. Ова дело на Милован Стефановски го доби своето место под поетското небо. Ова е трета награда на авторот за неговото досегашно творештво.

Наградената поема „Адам од Говрлево“ денес во Центарот за култура-„Григор Прличев“ во Охрид ја доживеа својата јавна презентација. Авторот на оваа поема, покрај оваа награда, добитник е уште и на признанието, роман на годината и наградата „Браќа Миладиновци“. Ова дело е поетско гледање на авторот врз едно од нашите најголеми археолошки пронајдоци, „Адам од Говрлево“, мала керамичка фигура на машко торзо во седечка положба. Македонија е поле на значајни откритија и како таква авторот ја зема за лајтмотив во оваа негова поема.

„Вистинските мајстори знаат дека ѕидот не се ѕида само со големи камења туку и малите камчиња можат да имаат многу значајна улога во вишнеењето. Тоа кога ќе го согледаме на вистински начин, верувам дека ќе биде многу поблагопријатно за нашиот народ“-рече авторот.

„Сите ние докажуваме дека јазикот е основата врз која што може да се искажат сите нешта за одбрана и на името, и на идентитетот, и она што во уметничка смисла е наше најмоќно оружје во претставувањето во светот.“-додаде авторот.

Поемата е тежок литературен вид, но Стефановски на еден карактеристичен поетски начин успева да ја продолжи традицијата на прличевата поема. Благодарение на оваа традиција веќе две децении македонските поети го продолжуваат делото на Прличев.

{loadposition content9}