Skip to main content

Каква промоција му треба на Охрид?

Промоција во право време и место, клуч за успешен туризам. Експертите сметаат дека воопшто не е важно колку пари е се вложат, туку да се одбере целната група и вистинскиот начин понудата да стигне до нив.

 |  Татјана Маленкова  | 
Ohrid
Охрид

pejsazПромоција во право време и место, клуч за успешен туризам. Експертите сметаат дека воопшто не е важно колку пари е се вложат, туку да се одбере целната група и вистинскиот начин понудата да стигне до нив.

„Македонската влада наместо да троши големи суми на пари за промоција на вашата држава на CNN и BBC, од што нема никаков ефект, треба финансиски да ги помага хотелиерите и туристичките агенции.Тоа е единствен начин да се спаси туризмот од колапс, но Македонија мора и да ги намали и цените  на сопствените аранжмани“, вели Бранко Кривокапич претседател на хотелската асоцијација на Србија.

„Мора да се искористи аеродромот.Охрид ја има таа среќа да има аеродром.Затоа сме на мислење дека парите многу подобри е да ги дадете на агенциите и туристичките компании отколку да се рекламирате на Ббц и Снн.Тоа е давање на пари без ефект бидејќи во тоа нема туристи.Јас го поздравувам потегот кога се во прашање холандските туристи.Тие од мај до октомври за само 188 евра ќе може да летуваат во Охрид.Ова е знак како со ниски аранжмани може да се привлечат туристи“, истакна претседател на хотелиери на Србија, Бранко Кривокапиќ.

Кривокапиќ потенцира дека на Охрид сериозен конкурент во моментот му е Грција. „Треба да се замислите зошто е тоа така“, додава тој.

„Главен конкурент на Охрид му е Грција.Затоа охридските хотелиери треба да ги пратат тенденциите кои се јавуваат во Грција и на тој начин да се однесуваат кон туристите.Тие се определуваат за Грција, затоа што е многу поефтина од Охрид.Денес има голем избор на места за одмор.Во последниве неколку години отворени се многу атрактивни дестинации како што се Турција, Тунис, Алжир, и сите земји од Блискиот Исток.Вие денес треба да се борите со сите овие земји кои се поефтини и атрактивни од вас“, истакна Кривокапиќ.

Благој РагинИ претседателот на хотелиерите на Бугарија, Благој Рагин, смета дека Охрид од турисмот треба да живее преку цела година, а не само во лето. Тој предлага земјите од овој регион на туристите да им се продаваат во пакет.

„ Охрид треба да се обиде да биде туристичка дестинација за која ќе има интерес во текот на цела година а, не само на лето.Потребна е поголема и по силна презентација.Ние се надеваме дека со отварањето на      границите од туризмот ќе живее добро и Охрид и сите останати туристички места на Балканот.Сметам дека во услови на силна конкуренција Балканот треба да го нудиме во еден пакет“, истакна претседател на Хотелиери на Бугарија, Благој Рагин.

Од Агенцијата за промоција на туризмот тврдат дека за оваа година се најавени поголеми групи на гости од Финска, Турција, Русија и Холандија. Велат дека Македонија како никогаш до сега се презентирала скоро на сите поголеми и позначајни саеми во светот.

Но додека едните се фалат, ситуацијата на терен е сосема поинаква. Во Охрид се затворени неколку хотелски капацитети, дел од хотелите сега се во сопственост на банките кои ги активираа хипотеките и веќе истите ги нудат на продажба, а дуруги пак во текот на зимскиот период ставија катанец на врата.

{loadposition content9}