Skip to main content

Во Црвениот крст „Детски час за приказни“ на англиски јазик

Четврток и петок денови за детски приказни на англиски јазик. Црвениот крст и мировниот корпус го продолжуваат проектот „Детски час за приказни“. Проектот е наменет за деца од 4 до 10 години, а се изведува преку игра, креативни вежби и на англиски јазик.

 |  Татјана Маленкова  | 
prikazni na angliski jaz
prikazni na angliski jaz
Четврток и петок денови за детски приказни на англиски јазик. Црвениот крст и мировниот корпус го продолжуваат проектот „Детски час за приказни“. Проектот е наменет за деца од 4 до 10 години, а се изведува преку игра, креативни вежби и на англиски јазик.

„ Детскиот час е замислен како креативно катче каде децата не учат како на редовнот воспитен процес во ибразованието, туку преку читање, пеење песни, изработка на креативни вежби. Децата е поделени во две групи од 4 – 5 год. и деца од 6 до 10 години“, вели Мимоза Ставрева – проект координатор – Охрид.

Децата се мотивирани слушатели и заинтересирани за изучување на англискиот јазик, кој го изучуваат преку контактот со претставниците од мировниот корпус.

prikazni na angliski jaz„ Часовите се наменети децата и да слушаат и читаат. Се охрабруваат да читаат но и да изработуваат вежби на забавен начин“, вели претставникот мировен корпус, Николас Карлајл.

Тања Петровиќ, волонтер на црвениот крст, открива дека се воодушевени од начинот на кој децата го изучуваат англискиот јазик.

„ Бидејќи имам присуствувано на настава и во стандардното школство но и на овие часови, морам да кажам дека постои голема разлика. Децата се многу задоволни од начинот на кој го изучуваат странскиот јазик“, вели волонтер на црвен крст, Тања Петровиќ.

„Детскиот час за приказни“ се одржува секој четврток и петок во просториите на црвениот крст, каде што е сместена и Англиската библиотека. Од црвениот крст откриваат дека од септември месец, на децата кои ги посетуваат часовите ќе им биде понудено понапредно ниво. Овој проект во Охрид се спроведува втора година.



{loadposition content9}