Skip to main content

Низа акции на Езерската полиција против криволов

Никако да се стави крај на криволовот. За само еден месец и тоа во период на мрест на пастрмката, езерската полиција запленила околу 300 мрежи, а само овој викенд во акција во Радожда биле одземени 60 мрежи со над 70 тина килограми пастрмка и белвица.

 |  Татјана Маленкова  | 
ribi
риби
Никако да се стави крај на криволовот. За само еден месец и тоа во период на мрест на пастрмката, езерската полиција запленила околу 300 мрежи, а само овој викенд во акција во Радожда биле одземени 60 мрежи со над 70 тина килограми пастрмка и белвица.
„За жал овие девијантни појави ќе ги има се додека државата со закон не им се спротивстави на оние кои се занимаваат со криволов и на тој начин заработуваат“, вели Димче Мајковски од Спортското Риболовно Друштво  Св. Апостол Петар.  Ние уште во месец ноември минатата година, на тркалезна маса за заштита на рибниот фонд, но и во државниот инспекторат за земјоделство под кој спаѓа риболовот, побаравме заштита на пастрмката и белвицата, поготово за време на нивниот мрест, додава Мајковски.

Мајковски вели дека и покрај обвинувањата упатени до охридските хотелиери, дека се снабдуваат на црно и го нудат охридското обележје на своето мени, сепак пастрмката и белвицата во Охрид ја нема, а се нуди во Скопје.

ribariСепак од СРД велат дека криволовот очекуваат да се намали со стапување на сила на измените во законот за рибартво. Тој додава дека досега ловот со мрежи беше ставен како прекршочно дело, а со најновите измени на законот кои се во процедура, ќе дојде повторно до измени и лов со мрежи и други средства ќе биде исклучиво кривично дело, а со тоа ќе се постигне поголем ефект при казнувањето на прекршителите.    
Минатата година поради криволов езерската полиција поднела 5 кривични пријави и 22 прекршочни, што е многу мала бројка според сознанијата дека само во струшкото село Радожда околу 20 тина лица се занимаваат со ловење и трговија на риба, која на црно им ја продаваат на рестораните ширум Македонија по цена од 800 денари за килограм.
Езерската полиција акции  за криволов спровела и во Пештани, но таму биле запленети значително помалку мрежи.  


{loadposition content9}