Skip to main content

Изгор цени, се помалку тезги

Од закупот на тезги најчесто се откажуваат  индивидуалните земјоделци кои годишно треба да издвојат сума од 22.400 денари. Не помагаат ни обидите од РЕ „Пазар“ сумата да се плаќа на месечни рати.

 |  Валентина Неловска  | 
tezgi
тезги

На охридскиот пазар изгор цени и се помалку продавачи. Економската криза тропна и тука. Од закупот на тезги најчесто се откажуваат  индивидуалните земјоделци кои годишно треба да издвојат сума од 22.400 денари. Не помагаат ни обидите од РЕ „Пазар“ сумата да се плаќа на месечни рати. Околу 20 посто од поранешните закупци ги  откажале услугите за користење на простор за продавање,  вели директорот на пазарот Живка Анѓелоска. „Цените не се променети и оваа состојба се должи на општата состојба со земјоделците во земјата и на финансиката состојба во државата“.

Од РЕ „Пазар“ сметаат дека врз успехот на пазарот влијае и се почестата појава на диви пазарџии кои никнуваат во разни делови од градот. Од таму нагласуваат дека се обидуваат да создадат услови за подобра работа на пазарот. Анѓелоска вели  „по завршувањето на тромесечниот извештај ќе знаеме кој мерки ќе ги преземеме за подобрување на условите во пазарот. Во меѓувреме ги отстранивме најлоните кои создаваа грда слика за пазарот, но нема да останеме само на овој чекор. Во затворената сала  на пазарот ќе се создаваат услови за Хасап стандардите на органските производи, а ќе се препокриваат и тезгите за да се стимулираат корисниците за поголем закуп“.

Во однос на условите за работа во пазарот пазарџиите не сакаат многу да зборуваат. Оние по смелите кои застанаа пред камерата укажуваа на некои работи кои се одразуваат на нивното работење. Ги посочуваат проблемот со пристап до пазарот од Булевар Туристичка и  општата сиромаштија.

Од РЕ „Пазар“ очекуваат поголема побарувачка на тезги веќе од напролет. Со првите пролетни месеци март и април се очекува и поголем интерес од страна на земјоделците. Во однос на реконструкцијата на пазарот  се без конкретен одговор кога тоа  ќе се случи.

{loadposition content9}